Куче во Хонгконг е заразено со новиот вирус Ковид-19, во јавноста познат како коронавирус. Според локалните власти, кај кучето е регистрирано „ниско ниво на вирусот“. Се работи за куче кое е домашно милениче. Кучето во моментов е во карантин за животни.
Градското Одделение за земјоделие и рибарство на Хонгконс соопшти дека ќе бидат извршени дополнителни анализи за да се утврди дали кучето е заразено или е само преносител на вирусот преку устата и муцката.
Во претходните денови во јавноста постоеја дебати дали животните можат да заболат или да го пренесуваат вирусот, а кучето во Кина е првиот потврден случај во светот.