Куќата во стилот на Барби до вчера беше достапна на Airbnb!

Розовата куќа од соништата се наоѓа во Малибу

Интернет страницата за побарување и изнајмување места за престој, Airbnb, понуди неверојатна можност!
Летниковецот во неодоливиот стил на Барби купувачите можеа да ја резервираат на само еден викенд!

На располагање им беше понудена целокупната вила на три ката: две спални соби со поглед на океанот, две купатила, потполно опремен орман кои можеа да го користат за своите лични потреби, домашно кино, базен и огромна кујна. Цената за живот во куќата од соништата изнесуваше само 60 долари од ден.

Но, не беше така едноставно да се дојде до неа.

Потешкотијата се наоѓаше во тоа што не можеа сите да ја користат куќата. Можноста за резервација на вилата се отвори на 23.10 во 14.00 и беше достапна до вчера, 29.10. Организаторите ќе изберат само еден среќник! Куќата е предвидена за четири личности!

Scroll to Top