Куклата Барби оваа година ќе го прослави 60. роденден

Најпознатата кукла играчка Барби, оваа година полни 60 години постоење. Нејзината продажба низ супермаркетите ширум светот постојано расте. Годишно се продаваат по 58 милиони кукли во повеќе од 150 земји ширум светот.

„Во индустријата на играчките, каде успехот трае од три до пет години, 60 години е голема работа“, изјавил директорот на компанијата  која ги произведува „Барби“ куклите, а објавила веб-страницата „Лејтестли“.

Барби совето деби го имала на Американскиот саем на играчки во Њујорк, на 9 март 1959 година, кога за прв пат се појавила на пазарот. Од тогаш се продадени повеќе од милијарда од овие кукли ширум светот.

Scroll to Top