„Квин“ промовира апликација со која фановите ќе може да пеат како Фреди Меркјури

By

Британската група „Квин“ промовираше нова апликација што ќе им овозможи на фановите да пеат како легендарниот Фреди Меркјури. Aпликацијата FreddieMeter покажува колку гласот на некој корисник одговара на гласот на починатиот пејач, и притоа ги анализира висината и мелодијата, па им доделува поени од 0 до 100.

Фановите можат да изберат да пеат една од четирите песни: Bohemian Rhapsody, Don’t Stop Me Now, Somebody to Love или We Are the Champions, а можат да ги предизвикаат и пријателите да го направат истото.

Апликацијата можете да ја преземете ТУКА.

Ќе ви се допадне