Лидија Вуќичевиќ со хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ во Струмица

Мега популарната актерка, која целата јавност ја познава по многуте филмови и серии, како „Жикина династија“, „Подобар живот“ и уште многу други, во петок на 15 ноември гостува со хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ во Центарот за култура во Струмица.

Оваа хит-комедија ги освојува срцата на сите каде што гостува. Во неделата и понеделникот тие настапија во Театар Комедија пред преполна сала. А Лидија во петок заедно со Милан Пајиќ и Семир Гичиќ ќе го чека министерот во Струмица.

Претставата ќе се одигра во Центарот за култура, почеток 20 часот, билетите се по цена од 200 ден.

Scroll to Top