Љубовен хороскоп за есен 2019 година

Почетокот на есента носи новини за хороскопските знаци на полето на љубовта.

Овен

Оние кои се сами, оваа есен ќе бидат сѐ уште во потрага за љубов. Сите овни ќе имаат потешкотии во проаноѓањето на партнерот. Оние кои се во врска, ќе настојуваат да го подобар својот емотивен живот.

Бик

Во текот на есента, биковите ќе ги сносат последиците од летните авантури, обидувајќи се да ги остават зад себе. Некои ќе успеат, додека другите ќе ја претворат летната авантура во сериозна афера.

Близнаци

На есен, близнаците ќе бидат спремни за нови почетоци. Тоа воглавно се однесува на оние кои со години ги избегнуваат сериозните врски или брак. Сега таквите ќе бидат спремни за такви чекори.

Рак

Оние Ракови кои се во врска или се венчаваат оваа година имаат поприлично отежнат пат. Односот со партнерот ќе биде тестиран, а и двајцата често ќе бидат тврдоглави и упорни и ќе бараат меѓусебни компромиси. За раковите кои не се во врска, ситуацијата ќе биде поинаква. Тие ќе запознаваат нови лица во својот живот и ќе бидат спремни за уживање, истражување и забава како никогаш до сега.

Лав

Со доаѓањето на есента, постои уште една „доза“ темнина која е поврзана со полето на емотивните и брачни партнерства. Ова е последен пат, лавовите навистина да мораат да се борат за својата љубовна приказна. Слободните лавови во овој период ќе бидат во своето стандардно расположение, уживање и слобода!

Девица

Во текот на есента, ако некој однос се завршил во текот на првата половина од годината, сега може да се обнови во овој период. За некои девици кои се во врска, ќе дојде до раскинување.

Вага

Вагите во брак можат да бидат мирни. Толеранцијата е неопходна и знаете како да ја воспоставите. Слободните ваги ќе им се предадат на своите страсти сѐ додека не ги погоди минатото и личноста која оставила трага во нивното срце. Љубовната игра ќе почне одново.

Шкoрпија

Како пристига есента, така сѐ ќе се врати на своето место. Сега знаете на што сте. Ова се однесува на оние кои се во брак или во долга врска. Што се однесува до слободните, тие во овој перид некако ќе лутаат, малку ќе се враќаат во минатото, малку ќе се активираат околу нови љубови, иако ќе бидат свесни дека со нив можат да имаат само авантури.

Стрелец

На есен стрелците ќе се соочат со проблеми во љубовта. Веројатно некои од нив на почетокот на есента, конечно ќе ја окончаат врската или бракот или нивниот партнер ќе се одлучи дека повеќе не сака ништо да има со нив. Слободните стрелци ќе бидат свртени кон поголемиот дел од минатото, така што постои голема веројатност дека повторно ќе му се придружат на поранешниот партнер.

Јарец

Оваа есен оние кои се во врска ќе имаат прилика да ја стабилизираат ситуацијата со саканата особа, но тоа ќе биде прилично тешка задача. Поголемиот дел од јарците кои не се во врска, ќе уживаат во овој период. Некои врски од минатото повторно ќе се појават, па треба да се размисли дали е вредно да се подигне од пепелта или не.

Водолија

Есента за водолијата е време за испитување на ситуацијата, но ни во овој период нема да биде лесно. Некои врски нема да биде можно да се сочуваат. Од друга страна, оние кои се во подолги емотивни врски можат да отидат во друга крајност и да се одлучат да започнат брак неочекувано. Што се однесува до слободните, некои од нив ќе се одлучат да се вратат на својот поранешен партнер, додека другиот ќе започне нови љубовни освојувања.

Риба

Есента носи проблеми на рибите кои се во било каква забранета врска, без разлика дали се слободни или не. Некои од дилемите дефинитивно ќе завршат и тие ќе се одлучат кому треба да му посветат внимание и љубов.

Scroll to Top