Овен
Ако сте во врска
Уште на почетокот од месецот можно е да ви се исполни заедничка желба со партнерот. Она во кое сте вложиле многу труд, конечно, ќе ви даде некаков резултат. Месецов ќе имате многу интимни моменти, кои, дефинитивно, ќе ви ја подобрат врската. Можно е да се појават несогласувања во врска со заедничките финансии бидејќи имате различни ставови. Овој февруари ќе се разгори страста во врската, но може да предизвика и љубомора кај некого од вас.
Ако сте слободни
Почетокот на месецот ќе ви донесе нови познанства, од кои ќе се истакне практична и амбициозна личност со стабилен карактер. Привлечноста ќе биде обострана и можно е веднаш да почнете романса. Сепак, веројатно ќе барате премногу, а вашата страст ќе биде преголема. Ова, пак, го зголемува ризикот од несогласувања. До крајот на месецот ќе се обидете да се адаптирате еден на друг. Ако не успеете, на романсата ќе ѝ дојде крајот.
Бик
Ако сте во врска
Во првата половина од февруари односот со партнерот ќе биде исполнет со меѓусебно внимание. Ќе ја подобрите комуникацијата и ќе успеете да го мотивирате партнерот да се вклучите во некоја заедничка активност. Ќе имате исти размислувања за разни теми, а ќе почнете да правите и поголеми заеднички планови. Во втората половина од февруари ќе ви се укаже можност да одите на патување, кое ќе ви помогне да ја зајакнете врската.
Ако сте слободни
Вашата заинтересираност за романтична врска ќе биде помала од вообичаено. Главно ќе ви годи самотијата, а одвреме-навреме ќе сакате да се видите само со пријателите. Сепак, во средината од месецот ќе запознаете личност што ќе ве привлекува, но и која ќе ви каже дека ѝ се допаѓате. Ќе имате слични ставови и очекувања и бргу ќе се зближите. Можно е да почнете и нова врска.
Близнаци
Ако сте во врска
Ќе чувствувате потреба да најдете некоја заедничка активност со партнерот. За среќа, за ова ќе ја имате неговата поддршка. Најдоброто е што нема да ѝ дозволите на врската да стане монотона. Ќе разговарате за она што ви пречи и ќе барате начин да го поправите тоа. Веројатно, ќе ѝ исполните голема желба на саканата личност. Само можно е да се појават недоразбирања за финансиите, но и вашата склоност кон флертување со други.
Ако сте слободни
Постојано ќе бидете во движење и ќе се забавувате со пријателите. Повеќе ќе ве интересираат авантурите за една ноќ отколку сериозна врска. Веројатно ќе ве привлекува личност што живее во друг град, а која ќе ја запознаете кон средината на февруари. Можно е да почнете кратка романса и да се обидете да одржите врска на далечина. Доколку ѝ припаѓате на постарата генерација, можно е да се појави личност заинтересирана за вас. Сепак, вие повеќе сакате врска без обврски.
Рак
Ако сте во врска
Голема е веројатноста уште на почетокот од месецот да ви се исполни некоја голема желба, но и да ви се подобри односот со партнерот. Периодов врската ќе биде стабилна и со партнерот ќе си го давате потребното внимание. Истовремено, ќе почнете да се фокусирате на заедничките планови и желби. Кон средината на месецот партнерот ќе покажува поголема страст, а ова навистина ќе ви годи. Ако одите на патување во февруари, дефинитивно ќе си поминете незаборавно.
Ако сте слободни
Ќе запознаете неколку личности што живеат во друга држава, а една од нив навистина ќе ви го привлече вниманието. Привлечноста ќе биде обострана, па голема е веројатноста да почнете и сериозна врска. Далечината нема да ви пречи и ќе најдете начин да ја одржите врската.
Лав
Ако сте во врска
Ќе обрнете посебно внимание на потребите на партнерот. Сепак, и вам ќе ви биде потребна поддршка од партнерот и чувство дека сте сакани. Партнерот ќе покаже поголема иницијатива за заеднички активности, а ова навистина ќе ви годи. Кон крајот од месецот можно е да остварите некоја заедничка цел, но и да ја освежите вашата врска. Истовремено, ќе ја подобрите и вашата комуникација. Кон крајот на месецот можно е да бидете љубоморни, но нема никаква причина за тоа.
Ако сте слободни
На почетокот од месецот ќе имате можност да почнете сериозна врска со личност што сте ја запознале неодамна. Во оваа врска можно е да ви недостига топлина, но сепак ќе биде заснована на вашите слични ставови и цели. Добро ќе се разбирате и набргу може да се роди и љубов. Постарите Лавови ќе бидат привлечени од повлечена и сериозна личност. Најверојатно, ќе ѝ оставите убав впечаток и ќе се зближите многу бргу.
Девица
Ако сте во врска
Месецов очекувајте стабилност и согласување со партнерот. Ќе имате повеќе време за заеднички моменти и забава. Сепак, мора да поработите на комуникацијата бидејќи ќе се појават некои недоразбирања. Привремено може да се појави и љубомора. Во втората половина од месецот ќе остварите некоја заедничка цел, а ова ќе ви го подобри односот. И двајцата ќе се чувствувате среќно и исполнето.
Ако сте слободни
Почетокот на месецот ќе ви донесе познанство со личност што веднаш ќе почне да ве привлекува. Ќе откриете дека имате многу заеднички нешта, па можно е да се роди и љубов. Како и кај секоја нова врска, веројатно ќе ја идеализирате оваа личност, но нема да се разочарате. Ако почнете врска, има потенцијал да биде сериозна. Ако сте постари, можно е да запознаете личност што ќе ја гледате како ваша сродна душа. Ќе ви се случат многу неочекувани, но убави работи.
Вага
Ако сте во врска
Ќе му обрнувате повеќе внимание на партнерот, а истовремено ќе очекувате поголема поддршка од него. Партнерот, пак, нема да биде во можност да ви се посвети колку што сакате. Ова може да предизвика напнатост, па дури и заладување на односот. Сепак, при крајот на месецот ситуацијата ќе се подобри. Ќе имате можност да направите позитивна промена во вашиот дом, а ова дефинитивно ќе ве зближи.
Ако сте слободни
Ќе имате потреба постојано да бидете во движење и да се забавувате. Првата половина од февруари ќе ви донесе можност за кратка авантура. Сепак, со текот на времето, ќе откриете дека сакате и нешто посериозно со оваа личност. Можеби личноста нема да биде подготвена за сериозна врска, но, дефинитивно, ќе станете поблиски. Постарите Ваги ќе бидат склони кон вљубување. Ќе запознаете неколку потенцијални партнери, но на крајот ќе сфатите дека сакате само авантура.
Скорпија
Ако сте во врска
На почетокот од месецот ќе разговарате со партнерот за заедничките планови за иднината. Ќе се сложувате за речиси сè. Благодарение на ова, ќе направите стабилен план со кој навистина ќе ја стигнете целта. Во втората половина ќе го подобрите односот и ќе ја освежите врската. Целиот месец ќе биде исполнет со уживање и забава.
Ако сте слободни
Овој месец ќе сакате да најдете личност за стабилна врска. Веќе имате барем двајца потенцијални кандидати, па размислувате кого да изберете. Кон средината на месецот ќе запознаете личност која веднаш ќе ве привлече. Сосема непланирано ќе почнете да се гледате и постои можност за врска. Постарите Скорпии, конечно, ќе ѝ го привлечат вниманието на личноста што веќе некое време им се допаѓа.
Стрелец
Ако сте во врска
На почетокот од февруари ќе имате многу идеи за тоа како да ја подобрите врската. Партнерот со задоволство ќе ги прифати вашите предлози. Важно е да обрнете внимание на комуникацијата за да ги избегнете непотребните недоразбирања. Во втората половина од месецот можно е да имате проблеми со остварувањето на заедничките планови. Ова може да го залади вашиот однос. До крајот на месецот ситуацијата ќе се подобри.
Ако сте слободни
Преку некој пријател ќе запознаете личност со која веднаш ќе најдете заеднички јазик. Ќе се гледате некое време, но до средината на месецот новиот партнер ќе ви изгледа неодлучно. Можно е да се појави напнатост, но до крајот на месецот може да почнете и врска. Постарите Стрелци ќе се обидат да ја привлечат личноста што им се допаѓа. Дури кога ќе изгубите надеж, нештата ќе тргнат на подобро.
Јарец
Ако сте во врска
Ве очекуваат динамични разговори што ќе ви годат и вам и на партнерот. Довербата во врската ќе се засили и ќе можете да му го дадете на партнерот она што му е потребно. Обидете се да минувате повеќе време со партнерот и семејството. Во втората половина од февруари можно е да се појават конфликти. Меѓутоа, со добар разговор ќе успеете да најдете компромис.
Ако сте слободни
Потребен ви е рамноправен партнер што ќе презема инцијатива кога е потребно. Личност што е независна, амбициозна и практична. За среќа, ќе запознаете некој што ги исполнува сите ваши критериуми, а уште подобро е што набргу ќе почнете и да се гледате. Кон крајот на месецот можно е да разговарате и за сериозна врска. Постарите Јарци, пак, ќе имаат превисоки стандарди и нема ни да ги забележат луѓето што им се додворуваат.
Водолија
Ако сте во врска
Во првата половина од февруари ве очекува мирен период. Добро ќе се согласувате со партнерот и ќе му ја дадете потребната поддршка. Отворено ќе ги покажувате вашите чувства, а ова ќе му годи на партнерот. Најважното е што добро ќе се разбирате и ќе разговарате за сè и сешто. Во последната недела од месецот ќе им се посветите на заедничките планови.
Ако сте слободни
Ќе налетате на личност што веднаш ќе ви се допадне. Сепак, по кус разговор, ќе сфатите дека сте сосема спротивни. Кон средината на месецот можно е да запознаете личност со која подобро ќе се разбирате, но и кон која ќе се родат чувства. Постарите Водолии веројатно ќе се гледаат со две личности истовремено, но и во двата случаја врската ќе биде површна. Кон крајот на месецот ќе донесете одлука со која личност сакате да бидете.
Риби
Ако сте во врска
На почетокот од месецот на партнерот ќе му требаат повеќе внимание и поддршка. Целиот месец ќе разговарате повеќе од вообичаено и ќе ги разјасните сите недоразбирања од претходно, кои продолжиле да се повторуваат. Можно е да бидете склони кон импулсивни реакции. Втората половина од месецот ќе биде променлива. Партнерот нема да покаже разбирање за вашите планови, но до крајот на февруари нештата ќе тргнат на подобро.
Ако сте слободни
На почетокот од месецот ќе дознаете дека некој познајник е вљубен во вас. Ќе се обидува да ве освои, но воопшто нема да бидете заинтересирани. Од средината на месецот оваа личност ќе си го промени пристапот и ќе почне да ви го привлекува вниманието. Постарите Риби ќе се обидат да почнат врска, но поради недоразбирањата, веројатно ќе се откажат. Во средината на месецот ве очекува средба со бившиот, но и можност да ја обновите врската од минатото.