Овен
Ако сте во врска:
Искористете го периодов со партнерот да отпатувате на одмор или на друг начин да пронајдете време за заедничка забава. Вашиот партнер малку ќе се сомнева во вас и под лупа ќе ги стави и најситните детали, но ќе има нови идеи за кои ќе му треба вашата поддршка. Втората половина на јули ви носи повеќе стабилност во врската, ќе изреализирате некоја заедничка цел и ќе го зголемите буџетот.
Ако сте слободни:
Ќе имате одлични можности за запознаете некој нов и комплетно да го маѓепсате, а со тоа да почнете долга врска. Ќе ве привлече некоја необична личност, но позитивна и полна со идеи. Само внимавајте претерано да не ја идеализирате. Со тактичност и упорност ќе го освоите вниманието на оваа личност, а искрениот пристап ќе ви биде рецептот за успешен однос.
Бик
Ако сте во врска:
Можни се конфликти со партнерот, па дури и прекин на врската доколку не ги решите проблемите што ги имате. Мора да го прифатите партнерот како дел од себе, да обрнувате внимание на него и да не очекувате премногу од него во секоја пригода. Намалете со притисоците и во втората половина од јули може да уживате во смирена врска, полна со нова страст и промени.
Ако сте слободни:
Ќе имате ново познанство со стабилна и рационална личност. Ќе бидете приземјени, без преголемо залетување и идеализирање, што е многу подобро од вртоглаво заљубување во погрешна личност. Некои бикови може да почнат врска со личност со која долго време биле во пријателски односи. Некое патување може да промени сè.
Близнаци
Ако сте во врска:
Партнерот инсистира да обрнтее внимание на деталите, а вас тоа не ве интересира, мислите дека претерува, па можни се конфликти во врската. Ако сакате да го подобрите односот мора да го разберете партнерот и да престанете да се однесувате како дете. Бидете зрели и преземете одговорност, ако сакате стабилна врска без сомнежи. Патување со партнерот би било одличен почеток на новата етапа од вашата љубов.
Ако сте слободни:
Уште на почетокот од јули ќе се заљубите, но кратко потоа ќе сфатите дека сте погрешиле, како и многу пати досега. Не жалете се, затоа што досега требаше да ја научите лекцијата да го вклучувате разумот, пред да стапите во врска. Малку ќе патите, но ќе успеете да избегнете понатамошни несакани ситуации ако се обидете да најдете некој сличен на себе.
Рак
Ако сте во врска:
Ќе имате огромна поддршка и помош од партнерот и тоа ќе ви ја зацврсти врската. Ќе сфатите дека можете да се потпрете на него и дека ќе ви помогне на патот до реализација на вашите желби. Ќе минувате заеднички мигови исполнети со задоволство, забава и одлична комуникација. Партнерот ќе ви приреди пријатно изненадување и ќе ви оствари една голема желба.
Ако сте слободни:
Во вашиот живот може да наидете некој ексцентричен партнер, што значи ви следува убава авантура од која не треба ништо сериозно да очекувате. Иако, ќе трае многу кратко, таа ќе ве исполни со прекрасни чувства и во умот ќе ви врежи незаборавни мигови. Извлечете го најдоброто што можете од ова, а кон крајот на месецот можеби ќе ви се отворат вратите за долгопосакуваната стабилна врска.
Лав
Ако сте во врска:
Ќе имате огромна страст и уживање во врската. Партнерот ќе има потреба од многу внимание, но тоа нема да ви биде тешко да му го овозможите во овој период. Ќе почнете да размислувате за практични работи околу домаќинството, а не само за забава. Заедничките планови со саканата личност уште повеќе ќе ве зближат. По одморот врската ќе ви биде на ново и уште подобро ниво и ќе чувствувате неверојатна среќа.
Ако сте слободни:
Ќе имате неверојатна авантура. Како да не сакате да се врзувате периодов, па тоа совршено ќе ви одговара. Време е да одморите од сè и да отпатувате некаде бидејќи токму на тоа патување можно е ново значајно познанство. Пронајдете повеќе време за релаксација и забава и мамете погледи со својот шарм. Ќе запознаете некоја практична личност со која ќе имате многу заеднички интереси.
Девица
Ако сте во врска:
Ќе се посветите на откривање на заеднички интереси со партнерот. Потребно ви е нешто со што ќе ја освежите врската. Ќе имате некое неочекувано патување со забавни искуства и тоа ќе донесе стабилност во вашата врска. Избегнувајте ги тајните со партнерот и отворено разговарајте на секоја тема. Ќе биде потребно да направите некое компромиси, ако сакате убавите мигови да продолжат.
Ако сте слободни:
Ќе имате шанса да влезете во долга стабилна врска. Ќе запознаете личност која брзо ќе ве освои поради низата заеднички интереси. Ќе бидете вљубени до небо и ќе сакате секој миг да го минувате заедно. Сепак, внимавајте очекувањата да не ви бидат претерани, туку реални.
Вага
Ако сте во врска:
Мора со партнерот да направите договор за заедничките планови и распоредот на домашните обврски. Ако не постигнете компромис, може да дојде до конфликти. Мора да бидете поотворени за пронаоѓање на заеднички решенија. Покажете искрени емоции и работите ќе одат полесно. Направете план за заедничко патување на кое комплетно ќе се рехабилитирате и ќе се посветите еден на друг.
Ако сте слободни:
Ќе ве изненади повик за патување од некоја пријател. Покрај вас и вашите познаници, тука ќе има низа нови познанства, а можна е и авантура. Месецов ќе ве следи среќа. Бидете трпеливи бидејќи страсна љубовна авантура е на видикот. Ќе имате мигови кога ќе се чувствувате малку разочарано бидејќи нема нови случувања, но почекајте.
Скорпија
Ако сте во врска:
Со партнерот ќе постигнете некоја заедничка цел и тоа неверојатно ќе ве зближи и ќе ви ја зацврсти врската. Ќе имате повеќе време за социјален живот и за дружба со заедничките пријатели. Концерти, претстави, излегувања ќе бидат на вашиот репертоар. Ќе бидете широкогради и полни со поддршка за партнерот, а тоа никогаш нема да ви го заборави.
Ако сте слободни:
Неопходни ви се промени на љубовно поле. Затворени сте и резервирани. Имате некои неосновани стравови и предрасуди за луѓето кои ве привлекуваат. Имате забелешки и за сопствениот изглед и многу сте критички настроени. За среќа, кон крајот на јули една личност комплетно ќе ве маѓепса и ќе му го подарите срцето на долги патеки.
Стрелец
Ако сте во врска:
Ќе имате сериозни несогласувања со саканата личност. Ако планирате заеднички одмор, ќе имате главоболки околу изборот на дестинација и цената на аранжманот. Важно е да бидете подготвени на компромис. Потоа ќе успеете да минете квалитетно време заедно и да се забавувате. Смислете нови интересни активности и исполнете ги ветувањата што му ги дадовте на партнерот.
Ако сте слободни:
Вашите обиди да освоите една личност што ве привлекува веќе долго време завршуваат со неуспех. На моменти ќе бидете разочарани и повлечени. Но, во втората половина од месецот некој пријател ќе ве запознае со личност која на прв впечаток ќе ви изгледа духовито и интелигентно. Ќе почнете да имате редовни средби со неа, а најверојатно и врска.
Јарец
Ако сте во врска:
Некое кратко патување со партнерот ќе ви донесе нова енергија во врската. Ќе се посветите комплетно еден на друг, без да обрнувате премногу внимание на околината. Тон забавни идеи како да ја размрдате вашата врска ќе ви паднат на ум. Ќе успеете да го заинтересирате партнерот за некоја активност, во која вие уживате. Комуникацијата ќе ви се подобри и сè што одложувавте ќе се случи сега.
Ако сте слободни:
Излегувањата со пријателите ќе ви станат некако здодевни и ќе бидете малку разочарани што веќе подолго време не успевате да запознаете некој интересен. Некое патување може ќе ви донесе авантура, која ќе прерасне во врска на далечина. Вашиот живот ненадејно ќе тргне во нов правец. Во новата врска мора да имате комплетно искрен пристап и да не се опуштите на чекор до успехот.
Водолија
Ако сте во врска:
Ќе почнете да покажувате поголема нежност во врската и комплетно ќе ја разголите вашата романтична страна. Партнерот ќе биде воодушевен од ваквите заеднички мигови. Некоја егзотична дестинација уште повеќе ќе ја разгори страста во вашата врска. На крајот од месецот можни се семејни несогласувања и нарушување на односот. Престанете со наметнување на вашите ставови по секоја цена.
Ако сте слободни:
Ќе имате динамичен месец, полн со авантури. Ќе се зближите со личност со која ќе ве привлекува, но со која ќе немате други заеднички интереси, освен сексот. Често ќе имате кавги и различни мислења, па тоа ќе ве натера да побарате посоодветна личност за вас. Сепак, периодов ќе наидувате само на авантури. Кон крајот на месецот некој поранешен партнер ќе се обиде повторно да воспостави контакт со вас.
Риби
Ако сте во врска:
Ќе имате стресен период и нема да успеете да се согласите со саканата личност околу заедничките планови. Најмногу конфликти ќе ви предизвикаат различните ставови околу некое патување. Единствена опција е да прифатите заедничко прифатливо решение. Избегнувајте лаги и играјте со отворени карти. Кон крајот на месецот стабилноста во вашиот однос ќе стапи на сцена.
Ако сте слободни:
Ќе имате чести промени во расположението. На прв поглед некоја личност магнетски ќе ве привлече и со неа ќе сакате нешто повеќе, но потоа ќе сфатите дека нешто во нејзиното однесување не ви одговара и ќе се разочарате. Може да добиете неочекуван повик за заедничко патување од некој поранешен партнер. Кон крајот на месецот ќе се појави личност што интензивно ќе ви се додворува, па дадете ѝ шанса.