Љубовницата на Берлускони му ја краде партијата

Поранешната министерка за еднаквост во Италија и љубовница на Силвио Берлускони, Мара Карфања сака да му ја превземе партијата „Форца Италија“ на поранешниот италијански премиер, пишува британски „Тајм“.

Карфања не се согласува со одлуката на Берлускони да коалицира со Матео Салвињи, лидерот на „Антимигрантската Лига“ и поранешен министер за внатрешни работи и заменик премиер.

„На Италија и е потребна силна десничарска партија, која нема да промовира омраза и нетолеранција“, порачала Карфања во пораката на „Твитер“.

Свесен дека ја губи поддршката во партијата и самиот Берлускони се огласил на социјалните мрежи.

„Форца Италија не е помошно тркало за господин Салвини и никогаш нема да биде“, напишал Берлускони.

Извори блиски до партијата наведуваат дека Мара која со Берлускони блиско соработувала од 2008 до 2011 година и која наводно била една од неговите љубовници, има поддршка од речиси третина од пратениците од партијата.

„Форца Италија“ во Долниот дом на парламентот има 104, а во Сенатот 57 пратеници и е трета по сила политичка партија во земјата по „Лигата и Демократската партија“.

Според неофицијалните информации, Кафања има поддршка од околу 50 пратеници и може да се очекува дека ќе продолжи со притисоците кон Берлускони чие време во политиката одминува. Таа за време на престојот во владата била еден од најгласните заговорници за заострување на казните за сите видови на криминал.

Во родниот град Салерно, таа откри дека трипати била на мета на улични крадци. За себе секогаш говорела дека е антифеминистка, затоа што слободата не зависи од независноста, туку од правилата и дисциплината.

 

 

 

Scroll to Top