Искрени се
Не се плашат да ја кажат вистината, без оглед на ситуацијата во која се наоѓаат. Ќе ги истакнат грешките и ќе искритикуваат, но само ако тоа е издржано и неопходно.
Оригинални се
Се држат до лекциите од сопствено искуство и затоа сакаат да пробуваат работи.
Сакаат да ги поместуваат границите
Големи иноватори се и не е ни чудо што многу научници се родени во овој месец.
Уживаат во она што го прават
Се водат по логика, сакаат да ги анализираат своите постапки и затоа уживаат во она што го прават.
Упорни се
За успех во животот, потребно е да имате силна волја и голема упорност. А, токму децата родени во февруари ја имаат од самото раѓање.
Посветени се на семејството
Не само што се лојални на сопружниците, туку и на сите останати членови на семејството.
Сакаат животни
Фасцинирани се од животинскиот свет, па од најрани години сакаат да имаат барем еден домашен миленик.
Сакаат да помагаат
Тие се големи хуманитарци, се борат за правата на обесправените и никогаш не се скржави.
Скромни се
И покрај сите добри квалитети и карактеристики, децата родени во февруари се скромни и приземни.
Лесно наоѓаат решение за проблемите
Родените во февруари се познати по тоа што лесно излегуваат на крај со секоја препрека.