Лук за бакнување без непријатен мирис

Иако лукот е исклучително здрав поради своите антибактериски и антивирусни особини, неговиот специфичен и силен мирис е причината поради која многу луѓе го избегнуваат. Земјоделците од Италија, Алесандро Џуани и Лоренцо Бјанки креирале нов вид лук, нарекувајќи го „лук за бакнување‟, а кој е специфичен по тоа што има значително послаб непријатен мирис од стандардниот лук.

„Вкусот на овој лук е исклучително лесен и се надеваме дека ќе им се допадне на луѓето. Лукот е дел од многу вкусни јадења, а посебно е познат во италијанската кујна, па се надеваме дека луѓето ќе го прифатат и дека ќе можеме да го пласираме на пазарот“, рекол Џуани за „Гардијан“.

Иако лукот е една од омилените намирници без која не можат да се замислат многу јадења во светот, многу готвачи избегнуваат да го користат во големи колични оти предизвикува лош здив. Лукот е полн со сулфурни соединенија кои му даваат карактеристичен мирис и вкус, па затоа не е идеален ако планирате да се бакнувате со некого.

Scroll to Top