Лука Грашкоски го сруши рекордот, трет пат е победник на Македонската математичка Олимпијада

Матурантот од Меѓународното училиште Нова, Лука Грашковски, е победник на Македонската математичка олимпијада. Натпреварувањето се одржа на 19. мај на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Лука е новиот рекордер во историјата на организацијата на овој натпревар, со тоа што три пати бил победник и тоа во три последователни години. Во 2020 година, го делел првото место со Алек Јармов, тогаш матурант на „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Златен медал на ММО годинава освои и математичкиoт генијалец, осмоодделенецот Дамјан Давков од основото училиште „Ванчо Прќе“ од Штип.

За Давков ова не е прв случај да успее да ги „надмудри“ математичарите постари и по пет години од него. Третиот златен медал го освои Блаже Суклевски, трета година во приватната гимназија „Јахја Кемал“ од Скопје.

Беа доделени седум сребрени и 16 бронзени медали. Од ССМ известуваат дека во наредниот период следуваат тестирања за влез во репрезентацијата за Балканската математичка олимпијада и Интернационалната математичка олимпијада, на кој ќе учествуваат првите 15 од листата подолу.

Scroll to Top