Лувр се отвора по четири месеци, нови правила за посетителите

Еден од најпознатите светски музеи, Лувр во Париз, ќе почне со работа на 6 јули, откако беа донесени новите олеснителни мерки кои ги најави францускиот премиер Едуар Филип.

Во соопштението од управата се наведува дека најпосетуваниот француски музеј ќе воведе систем на резервација и „нови ознаки“. Од посетителите ќе се бара да носат маски и да ја почитуваат физичката дистанца, со обезбедени максимални безбедносни услови.

Лувр е затворен од 1 март, кога во Франција имаше 100 потврдени случаи со Ковид-19.

Scroll to Top