Предвидувањето на резултатите од натпреварите на СП веќе неколку години се претвори во традиција. Русија донесе одлука прогнозата да ја врши глув мачор. Според Русите, мачките имаат способности кои ги немаат другите суштества. Мачорот ќе ги користи неговите сетила за да ги предвидува резултатите.
„Тој е како поголемиот дел од белите мачки со сини очи, но Ахил е глув. Тоа е добро бидејќи тој го слуша само чукањето на срцето. За да ја видиме прогнозата, ние на Ахил ќе му нудиме две чинии со јадење, кои ќе имаат соодветни бои на екипите кои играат“, вели Ана Кондратиева- ветеринар.
Мачорот Ахил моментално вежба со професионални ветеринари во Санкт Петерсбург. Русите сакаа да ја продолжат оваа интересна традиција откако октоподот Пол на минатите Мундијали неколкку пати успешни ги предвиде резултатите од натпреварите.