Мадам Сандра со вуду-магии терала жени на проституција

Медицинската сестра од Лондон, Жозефин Ијаму, е осудена на 14 години затвор поради обид да принуди пет Нигеријки да работат како проститутки во Германија, со закана со вуду-ритуали.

– Покажавте целосен презир кон добронамерноста на тие жени. Не ги сметате за човечки битија, туку за робови кои треба вам да ви носат пари – изјави судијата Ричард Бонд при изрекувањето на пресудата.

Ијаму, позната и како Мадам Сандра, има свои вили во Бенин и Нигерија, каде своите жртви ги наведувала на проституција уценувајќи ги со своите вуду-обреди. Притоа, таа ги заплашувала за да ја покаже својата моќ.

– Жените се плашеле дека ним или на нивните семејства ќе им се случи нешто лошо ако не ги прифатат заканите од Британката – велат информациите.

Scroll to Top