Магични идеи за декорација на новогодишната трпеза

Завршија новогодишниот шопинг и пакувањето на подароците, време е за новогодишните декорации на трпезата. Неколку внимателно избрани детали се доволни за трпезата да стане волшебна.

Поставете ја прекривката, а веднаш потоа наредете ги чиниите и приборот, чија боја соодветствува со прекривката. За салфетите употребете разни панделки во јаки бои, парчиња цимет, рузмарин и сл.

Обидете се годинава да направите поинакви празнични декорации. Постојат разни шик идеи како можете да ја украсите новогодишната трпеза почнувајќи од мали украси во чиниите, па сѐ до впечатливи околу масата и на столчињата.

Scroll to Top