Мајка ги продала бебињата близнаци за да купи мобилен

Мајка од Кина ги продала своите новородени близнаци за 7.400 фунти за да ги отплати долговите на кредитните картички и да купи мобилен. Машките бебиња, стари два месеца, ги продала на две различни семејства кои живеат на 700 километри од нејзиниот роден град. Полицијата ги уапсила жената и нејзиниот партнер, а бебињата биле дадени на чување на бабата и дедото.

Полицијата открила дека близнаците биле родени пред време и дека неколку недели биле во инкубатор. Нејзиниот партнер не се појавил во болницата, па затоа жената решила да ги продаде децата на странци. Кинеските медиуми пишуваат дека го направила тоа зашто е „невработена и во долгови“ и дека нејзиното семејство не сакало да ѝ помогне бидејќи не одобруваат што забременила пред брак.

Таткото, пак, наводно ѝ се јавил кога дознал дека таа ги продала нивните деца за да го побара неговиот дел од парите, а за со нив да ги исплати коцкарските долгови.

Scroll to Top