Мајкл Џексон седма година по ред е почината личност со најголема заработка

Магазинот „Форбс“ седма година по ред го прогласи Мајкл Џексон за почината славна личност со најголема заработка. Во изминатите 12 месеци неговата музика донела приход од 46 милиони фунти, иако голем број радиостаници ги бојкотираа неговите песни откако излезе контроверзниот документарен филм „Напуштајќи ја Недојдија“, во кој Џексон е обвинет за сексуална злоупотреба на малолетници.

На второ место е Елвис Присли со заработени 30 милиони фунти, а по него следуваат цртачот на стрипови Чарлс Шулц (29 милиони), голф-играчот Арнолд Палмер (23 милиони) и реге-музичарот Боб Марли (15 милиони). Ново име на листата е раперот Нипси Хасл, кој беше убиен оваа пролет, а кој оттогаш заработил осум милиони фунти. Тој се најде на десеттото место.

Scroll to Top