Македонија покриена со снег

By

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег, кои околу пладне ќе се засилуваат. Повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови од земјава, каде што снежната покривка дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 см, а на планините и за над 20 см.

На крајниот југоисток врнежите ќе бидат мешани од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -2 до 3 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од снег, кои околу пладне ќе бидат со засилен интензитет. Максималната температура ќе достигне околу -1 степен.

Од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.

Ќе ви се допадне