Македонските ученици освоија една сребрена и две бронзени медали на Балканската олимпијада по информатика што се одржуваше во Атина. Сребрениот медал го освои Мартин Динев од валандовското село Пирава, а двата бронзени медали ги освоија Андреј Величковски од Куманово и Благојче Павлески од Прилеп.
Во тимот беше и Владимир Шарковски од Скопје како натпреварувач, а со тимот раководеа Емил Станков и Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Главен организатор на БОИ 2019 беше Здружението на информатичари на Грција. На годинашното издание учествуваа 44 натпреварувачи од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција. Во неофицијална конкуренција учествуваа и ученици од Италија.
БОИ е регионален натпревар од областа на компјутерските науки за средношколци, на кој традиционално учествуваат по четворица најдобри ученици избрани на националните натпревари во програмирање на земјите-членки на БОИ заедницата. Следната, 28. Балканска олимпијада по информатика, ќе се одржи во Словенија.