Македонскиот документарен филм „Сите ќе умреме“, вечерва на „Македокс“

Документарниот филм „Сите ќе умреме“ на Сашко Потер Мицевски вечерва ќе ја има својата премиера на 11. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“. Проекцијата ќе се одржи во 21 часот, во Парк МКЦ.

Филмот „Сите ќе умреме“ третира веќе познати теми на економска несигурност и индивидуални егзистенцијални дилеми во локален, типичен балкански контекст, но преку еден по малку бизарен аспект на целокупниот општествен живот – погребалниот бизнис.

На 24 август во летното кино на Кинотеката, во 20.30 часот, премиерно ќе биде прикажан филмот „Нејзиното семејство 2010-2019“ на Елизабета Конеска, додека во Парк МКЦ во терминот од 21 часот премиерно ќе биде прикажан филмот „Професорот“ на Јордан Дуков.

 

Проекциите и настаните на „Македокс“ се организираат на отворен простор, според протоколите за заштита од ковид-19: задолжително носење заштитна маска за време на целиот настан, мерење температура при влезот, одржување растојание од 1,5-2 метри и дезинфекција на рацете пред и по одржувањето на проекциите.

Scroll to Top