Македонскиот документарец „Медена земја“ на „Санденс“

By

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ светската премиера ќе ја има на еден од најреномираните фестивали за независен филм во светот, „Санденс“. Филмот ќе биде прикажан на 28 јануари, а потоа ќе има уште седум проекции за време на фестивалот.

Режисери на филмот се Љубо Стефанов и Тамара Котевска, а музиката е дело на групата „Фолтин“. Снимањето на „Медена земја“ почна во 2015 и ја раскажува приказна за Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, која живее со својата мајка во централна Македонија.

Освен „Медена земја“ на фестивалот ќе бидат прикажани уште 11 документарци од цел свет. 38. издание на „Санденс“ ќе се одржи од 24 јануари до 3 февруари.

 

Ќе ви се допадне