Македонскиот филм „Црни и криви“ со две награди на фестивал во Романија

Македонскиот краткометражен филм „Црни и криви“ на Марко Џамбазоски доби признание на романскиот фестивал 12 Mоnths Film Fеstivаl, што се одржува во Клуж-Напока. Филмот е награден во две категории – награда од публика и продуцент на месецот.

„Црни и криви“ е комедија во режија на Марко Џамбазоски, кој е и сценарист и монтажер на филмот. Извршен продуцент е Бошко Мангаровски, Марко Димитриевски е директор на фотографија, а главните улоги ги толкуваат: Горан Ников, Тони Денковски, Чедомир Митевски, Ердоан Максут и Мирјана Трпковска.

Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Досега е прикажуван на повеќе филмски фестивали низ светот меѓу кои и фестивали во Хрватска, Кенија, Бугарија, Босна, Нигерија, Тунис, Англија, Романија, Индија, Италија, Србија и на „Синедејс“ во Македонија.

Scroll to Top