Руската мисица Оксана Воеводина која ја промени својата вера за да се омажи со поранешниот крал на Малезија Мухамед Петти, вели дека сака нејзиниот поранешен сопруг да ѝ се врати и да биде татко на нивниот син. Оксана посакува султанот и понатаму да ги извршува своите обврски како родител.
„Имате син и татко сте. Без разлика на тоа што се случи со нашиот брак, сакам мојот син да има двајца родители. Само размислете за својот син“, му порачала Оксана на својот поранешен сопруг.
Сега Оксана живее во изнајмен стан во Москва и го вози автомобилот кој ѝ го дал Мухамед како свадбен подарок. Таа вели дека во моментов размислува како да се грижи за себе си и нејзиниот син, а една од идеите е да отвори свој „Јутјуб“ канал, на кој ќе говори за родителтвото.
Поранешниот крал на Малезија се откажа од престолот за да се венча со Оксана, а Русинката за султанот ја промени верата и премина во исламот. Проблемите настанаа кога Мухамед ја видел во руско шоу со еден од учесниците.
На снимката Оксана имала интимни односи во базенот, а султанот се посомневал дека детето не е негово. Оксана за да го докаже спротивното, вели дека е подготвена да направат ДНК тест. Руската мисица вели дека Мухамед не бил доблесен ниту да најави дека ја остава и дека за разводот дознала преку интернет.
„Кога си замина во декември, повеќе не се врати. За разводот дознав преку интернет. Не знам што точно се случило, затоа што до тој момент врската ни беше во ред. Го очекувавме нашето прво бебе, а дури и сега не ја разбирам причината зошто ме остави“, изјавила Оксана.
Во Малезија нивниот брак уште на почетокот не беше добро прифатен. Оксана ја промени верата во ислам, а кога руските медиуми го објавија видеото од ријалити шоуто, работите дополнително се влошиле.
Во јануари годинава, султанот абдицираше од престолот, како 15. крал во земјата, станувајќи првиот монарх во историјата на нацијата кој се откажал од престолот. Оксана тогаш негирала дека таа била причината за неговата мистериозна абдукција.
Оксана се омажи за 49. годишниот султан на тајна исламска церемонија во малезиската држава Келантан на 7. јуни минатата година. Нивната летна венчавка беше пропратена со блексав прием во Москва, но за неколку недели бракот им се распадна.