Мјузиклот „Мама миа! Одиме повторно“ е најгледан филм за ова лето во регионот, со повеќе од 100 000 гледачи, пренесуваат регионалните медиуми. Вториот дел на популарниот филм „Мама миа“, кој е снимен на хрватскиот остров Вис, повторно ја користи музиката на шведската група „АББА“ и нивните најголеми хитови.
Во филмот повторно глумат Аманда Сејфрид, Доминик Купер, Мерил Стрип, Пирс Броснан, Колин Фирт, а нови ликови се Шер, Лили Џејмс, Џереми Ирвин и Енди Гарсија.
Во филмот, Софи (Сејфрид) се подготвува да го отвори реновираниот хотел „Бела дона“ и почнува да дознава нови детали за нејзината мајка и како таа се запознала со нејзините тројца татковци. Приказната се случува во 1979 година, летото кога мајката на Софи (Мерил Стрип) останала трудна.