Манекенка ги намали градите оти не ѝ влегувале во венчаницата

„Плус сајз“ манекенката Ешли Алексис својата кариера како модел за долна облека за полнички жени ја изгради благодарение на своите големи гради. Но, таа ги разочара своите обожаватели кога одлучи да го намали своето деколте бидејќи градите ѝ биле преголеми за нејзината венчаница.

162,5 сантиметри високата „плус-сајз“ манекенка откри дека поради градите со години страда од болки во грбот. Таа е од Бостон, а живее во Лос Анџелес. Работи како модел за фотосесии за Elle, Maxim и Playboy.

По неколку години со постојани болки во грбот, таа одлучи да ги смали своите гради, а на тоа ја поттикна фактот дека не можела да си најде венчаница .

Како што објави за своите 1,3 милиони обожаватели на „Инстаграм“, со операција од нејзините гради било отстрането 1,8 килограми ткиво. Дечкото со кој наскоро ќе стапи во брак ја поддржува нејзината одлука.

Таа призна дека на 21 година вградила силиконски импланти во своите гради, а хирургот кој ја правел пластичната операција ставил нешто повеќе силикон од договореното. Како што оттогаш нејзиното тело се развивало, градите дополнително се зголемиле.

Scroll to Top