Кјемјира Клонгсанун забележала како останатите маратонци избегнуваат мало куче на патот за време на маратонот во Тајланд. Таа решила да застане и да го земе во раце куче кое се тресело од страв. Бидејќи немало други луѓе или куќи наоколу 43-годишната жена претпоставила дека животното се изгубило или е напуштено.
Таа го земала кучето и продолжила да трча уште 30 километри со него за да го заврши маратонот. Публиката ја подржувала, а останатите учесници ја гледале и изненадено се насмевнувале. Кјемјира ја поминала целта заедно со малото куче. Според неа кученцето е старо само неколку месеци и таа решила да го посвои, па им го дала името Чомбуенг, според името на маратонот за време на кој го пронашла.