Марко Пејчиновски ќе се обиде да го преплива триаголникот Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид

Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски на 28 август на празникот Голема Богородица, ќе плива соло маратон на Охридското Езеро во должина од 64 километри. Тој ќе се обиде да го преплива таканаречениот триаголник Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид, а подвигот, како што најави претходно, го посветува на лицата со ретки болести.

– После испливани илјада километри, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, бранови, дожд, ладно и топло време, официјално ви кажувам дека на празникот Голема Богородица, ќе пливам од Охрид до Свети Наум, преку Струга назад до Охрид”, откри Марко на својот фејсбук-профил.

Тој лани направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа со инфаркт нана коска на долните екстремитети.
го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид.

За престојниот негов подвиг се изработени маички во бела и црна боја што ќе се продаваа по цена од 300 денари, со тоа што целиот приход собран од продажбата е наменет за помош на лицата со ретки болести.

Scroll to Top