Марш на сексуалните работнички: Бараат пензиско и здравствено

Сексуалните работнички денес разголени маршираа на традиционалниот протестен марш низ улиците на Скопје.  Прошеткаа ја почнаа од кај споменикот на Мајка Тереза, на улица Македонија, па одеа кон Камениот мост. Носеа црвени чадори, а протесниот марш беше за да го изразат својот револт нивната работа да не биде декриминализирана и да добијат заштита од системот. Тие бараат право на социјална и здравствена заштита.

Организатор на настанот е здружението „Стар“, а тие беа поддржани и од претставници на здруженијата на граѓани што се залагаат за човековите права.

Нивната прошетка беше проследена со љубопитни погледи на случајните минувачи и со зајадливи коментари кон разголените сексуални работнички.

Scroll to Top