Машки модел со облини

Американецот Аркадио Дел Вале (30) отсекогаш сакал да работи во светот на модата, но се плашел дека неговата крупна градба би можело да го спречи во тоа. Сепак, благодарејќи на новите трендови во таа индустрија, успеал да ја пронајде својата работа од соништата.

Кариерата почнала да му напредува кога прекинал да се срами од големината на телото и денес гордо промовира конфекциска големина 5XL. Аркадио пред четири месеци се прошета на пистата на Њујоршката модна недела, каде што носеше облека на британски моден бренд за мажи.

Scroll to Top