Маж во Кина цела година живеел со лажица во грлото. Тој неодамна се пожалил дека тешко дише, па откако лекарите му направиле рендген-снимка, виделе дека во грлото има заглавена лажица долга 20 сантиметри. Тој им рекол дека лажицата воопшто не му пречела изминатите месеци.
„Сакав да ги импресионирам пријателите со голтање прибор за јадење. Сè беше в ред додека некој неодамна не ме удри во градите, па веќе не можев да дишам“, рекол тој за кинеските медиуми откако лекарите го пријавиле неговиот случај како „бизарен“.
На лекарите им требале два часа да ја отстранат лажицата од грлото на мажот.