„Медена земја“ доби уште една награда во Њујорк

Филмот „Медена земја“ ја доби наградата за најдобра кинематографија што ја доделува Cinema Eye Honors за документарни филмови. Наградата ја добија Самир Љума и Фејми Даут. Оваа награда ја признава извонредноста во документарните филмови, а вклучува награди во неколку категории, како што се режираја, продукција, кинематографија и монтажа.

Наградата се доделува од 2011 година секој јануари во Њујорк.

За потсетување, денеска заврши гласањето на членовите на филмската академија за номинациите за Оскар. „Медена земја“ беше во потесен избор во две категории, за најдобар странски филм и за најдобар документарен филм. Академијата на 13 јануари ќе ги соопшти имињата на петте номинирани филмови во секоја категорија, односно, дали „Медена земја“ ќе влезе во трката за Оскар.

Scroll to Top