„Медена земја“ е кандидат за два Оскари

Македонскиот документарен филм „Медена земја“, на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, е номиниран за Оскар во две категории: за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Академија за филмска уметност и наука денес ги објави имињата на номинираните филмови, актери и филмски работници. Ова е прва номинација на македонски филм за Оскар, по онаа за „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.

По победата на американскиот фестивал „Санденс“ лани, „Медена земја“ освои голем број награди, номинaција за европски Оскар, а имаше и одлични критики од најреномираните филмски критичари и медиуми.

За потсетување, „Пред дождот“ на Милчо Манчевски досега беше единствениот македонски филм кој добил номинација за Оскар, во 1995 година. Претходно, во 1980 како југословенски кандидат номинација за Оскар имаше добиено краткиот документарец „Дае“ на Столе Попов.

92. доделување на престижните Оскари е закажано на 9 февруари во театарот Долби во Холивуд. Втора година по ред, церемонијата на доделување Оскари нема да има водител. Церемонијата телевизиски ќе се пренесува во повеќе од 225 земји низ светот.

 

Scroll to Top