Меган Маркл до олтарот ќе ја одведе татко ѝ

Родителите на Меган Маркл ќе се сретнат со кралицата Елизабета и други членови на кралското семејство пред венчавката со принцот Хари, соопшти портпаролот на кралската палата. Истиот портпарол соопшти дека таткото на Меган, Томас Маркл да ја одведе ќерка си до олтарот во капелата Свети Џорџ во Виндзорската палата.

Нејзината мајка ќе се вози со Меган во автомобилот до Виндзорската палата на денот на венчавката.

Според барањата на принцот Хари, на венчавката ќе бидат вклучени и членови од семејството на неговата покојна мајка Дајана. Една од нејзините сестри ќе прочита говор на церемонијата.

Scroll to Top