Меланија нема да плаче по Трамп ако го убијат

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на еден собир на републиканците даде непримерна изјава за неговата сопруга Меланија, за која кажа дека таа нема да плаче, ако некој се обиде да изврши атентат врз него.

Трамп го спомена ранувањето на Стив Скалис, конгресмен од Луизијана, кој бил застрелан во 2017 година, од страна на психички болен маж.

„Сопругата на Стив плачеше кога тој беше застрелан. Се сретнав со неа во болница. Беше скршена. Многу жени не би реагирале така кога би се нашле во слична ситуација. Знам дека мојата Меланија нема да плаче за мене“, изјавил Трамп.

Белата куќа засега не излегла со официјална изјава по повод коментарот на Трамп. Првата дама на САД минатата година во една од своите изјави, кажала дека не се занимава премногу со трачевите кои се вртат во јавноста за нејзиниот брак, особено не оние за неверствата.

„Се разбира дека имаме и непријатни моменти во нашиот брак. Исто како и во секој друг и ние се носиме со разни проблеми. Но, знам што е правилно, а што е погрешно. Знам да ја разликувам вистината од лагата“, изјавила Меланија.

Scroll to Top