Месечен хороскоп за април 2020 година

ОВЕН

Од професионален аспект, април ќе биде доста ефективен, што значи дека ќе бидете зафатени скоро цело време. Првиот дел од април ќе биде дарежлив: ќе добиете многу материјални привилегии како и луксузни подароци. Крајот на април ќе ви донесе олеснување: Доколку сте имале здравствени проблеми во последниве 6 месеци, сега може да ги снема. До крајот на месецот препорачливо е внимавате на инфекции. Во поголемиот дел од месецот, нема да чувствувате многу романтика. Дури во последната недела од јули, вашата сензуалност ќе се покачи, а со тоа и ќе се чувствувате посигурни. Исто така, ве очекуваат долги, приватни разговори со некоја личност со која сте биле во минатото, но сѐ уште немате сѐ расчистено.

БИК

Во првиот дел од април, ќе имате многу нови шанси за позитивни промени. Ве чека профитабилен период, но и многу договори. Финансиски, ќе имате причина за оптимизам. Накратко кажано, овој месец нема да има причина да се грижите за вашето здравје. Ова ќе биде период кој ќе ви донесе подобрување на здравјето и медицински решенија, доколку ви требаат. До 28 април, ќе имате можност да донесувате важни одлуки во врската, но тоа исто така може да предизвика и конфликти. Кон крајот на април, вашиот љубовен живот значително ќе се подобри.

БЛИЗНАЦИ

Ќе бидете амбициозни, а токму тоа е она што ви е потребно за поголем успех. Кога станува збор за парите, вашиот среќен период ќе започне од 16 април. Ќе бидете во одлична форма и ќе чувствувате како стресот полека се намалува. Овој месец немате причина да се грижите за вашето здравје. Единствено полната месечина може малку да ве вознемири во периодот од 11 до 12 април. Желбата за страст и авантура малку ќе ви се намали. Сепак, оваа состојба ќе ви донесе хармонија и соработка со партнерот, а за оние кои не се во врска може да си ја обноват старата врска.

РАК

Овој месец, Сонцето, ќе ви биде зголемен интересот за напредок. Во последната недела од април ќе имате поголем приход од обично, но исто така ќе имате и ризик од поголеми трошоци. Повторно ќе бидете во добра форма. Психолошката состојба ќе ви биде доста добра и ќе имате радосни моменти. Оптимизмот ќе ви биде на највисокото ниво сѐ до август. Љубовта лесно ќе го пронајде патот до вас. Доколку сакате да бидете среќни, треба само да го отворите срцето и да ги покажете вашите чувства. Овој месец најмногу ќе си одговарате со некој кој е во знакот на Лав.

ЛАВ

Во првите две недели од овој месец, ќе имате можности за нови соработки. Сѐ на сѐ, април ќе биде одличен месец за да се експонирате и да ги покажете вашите способности на работното место. Финансиски, исто така состојбата е добра. Вашата енергија ќе биде на највисокото ниво. Но, последната недела од април може да биде деликатна, па затоа избегнувајте стресни работи. Овој месец ќе бидете навистина романтично расположени и ќе имате потреба од љубов, блискост и нежност. Вашата врска ќе биде подобра од кога било, а доколку не сте во врска, овој месец можете да започнете врска. Последните две недели од април ќе ви бидат уште поуспешни на љубовно поле, а се чини дека ќе ги паметите уште долго.

ДЕВИЦА

Во првиот дел од април, ќе ви недостига ентузијазам, но сепак, можно е да започнете нов проект со луѓе кои го делат вашето мислење. Од 16ти април значително ќе си ја подобрите финансиската состојба. Првата недела од април можно е да се чувствувате послаби и уморни. Нервниот систем исто така може да ви биде слаб. Избегнувајте стрес и одморајте се што повеќе. Во текот на целиот месец ќе претпочитате вашата романса да ја држите во дискретност, отколку да ја покажете пред јавноста. Во последната недела од април можно е некој ваш близок пријател да ви изјави љубов. Од 16 април, очекувајте задоволство и успех во вашиот љубовен живот.

ВАГА

Април ќе биде месец на истражувања, студии или други интелектуални обврски. Првиот дел на април ветува подобрување на финансиите. Април носи добри вести: Здравствените проблеми со кои се соочивте минатиот месец, полека ќе ги снемува. Ќе бидете многу подобро, но, морате да внимавате, вашето тело сѐ уште не е во најдобра форма. Ќе се истражувате психички себеси и ќе се соочите со стравот од врски. Од 19 април, ќе бидете расположени за сентиментални романтични моменти.

СКОРПИЈА

Добри вести, ова ќе биде период полн со успеси! Доколку сакате да започнете некој нов проект, или пак да го промените работното место, овој месец е вистинското време за тоа. Финансиски, вториот дел од месецот ќе ви биде попрофитабилен отколку првиот дел. Ќе бидете во добра форма во текот на целиот месец, а последните неколку дена од април ќе чувствувате зголемена хармонија, мир и спокојство, што дополнително ќе ве разведри. Во првите две недели од овој месец ќе бидете постојано во дилема, а тоа може да ви донесе стресни моменти. Ова исто така ќе биде важен месец за вашата врска, во кој ќе сфатите дали сте еден за друг со партнерот. Добрата вест е тоа дека на 28 април притисокот ќе се намали, а вашиот љубовен живот ќе стане похармоничен.

СТРЕЛЕЦ

Април ќе виде важен месец за договори, соработка и тимска работа. Ќе имате многу можности да ги докажете вашите вештини и знаења на работното место, па можеби и ќе добиете унапредување. Кон крајот на месецот треба да очекувате екстра сума на пари. Внимавајте на здравјето бидејќи можно е да напредне здравствениот проблем кој сте го имале. Вашиот партнер претстојниот период ќе ви стане најважната личност, а доколку не сте во врска, можно е да започнете нешто со нова личност, но тоа кратко ќе трае. Од 13 април, ќе се засили романтичноста во вашата врска. Очекувајте разбирање и добар сентиментален живот.

ЈАРЕЦ

Првите две недели од април ветуваат перспективен период на професионално поле. Можно е да добиете предлог за унапредување, или пак да склучите некој важен договор. Кога се работи за парите, овој месец нема место за грижа. Парите ќе го најдат патот до вас. Можно е да почувствувате мала расеаност, но веќе до крајот на првата недела од април повторно ќе се вратите во форма. Венера ќе ви донесе малку сензуалност и романтично расположение со кое ќе креирате романтични моменти со партнерот. Првиот дел од месецот ќе биде одличен за пронаоѓање на личноста со која ќе сакате да го поминете остатокот од животот.

ВОДОЛИЈА

Овој месец повеќе ќе бидете расположени да одмор отколку за работа. Но, како и да е, обврските чекаат, па затоа препорачливо ви е да го завршите она што се бара од вас, па потоа да планирате нешто друго. Ќе бидете во одлична форма, посебно во првите две недели од овој месец. Исто така, ќе имате и многу физичка енергија, па добро би ви било доколку ја искористите за танцување, спорт или некоја друга физичка активност. Ве очекува многу романтичен месец. На 13ти април, ве очекуваат промени во врската кои ќе се одразат позитивно на вас. Два дена подоцна, страсни задоволства и бранови на сензуалност. Затоа, искористете ги деновите рационално и уживајте.

РИБИ

Ова ќе биде еден одличен месец за да ги докажете вашите таленти! Првите две недели од април ќе бидете полни со креативни идеи, организација и лидерски способности. Финансиската состојба ќе ви се подобри кон крајот на месецот. Во текот на целиот месец ќе водите грижа за вашата хигиена, а тоа е клучот на доброто здравје. За подобрување на вашата линија, почнете да вежбате. Ова е совршен период за да го истражите вашиот еротски потенцијал и да го подобрите приватниот живот. Последната недела од април ќе ги израдува оние кои не се во врска.

Scroll to Top