Месечен хороскоп за декември

Овен

Очекувајте возбудлив крај на годината. Венера, планетата на убавината, речиси цел месец ќе работи во ваша полза. Размислувате за брак. Ако сте сингл ќе запознаете личност со која ќе сакате да ги прославите новогодишните празници. Веројатноста да се заљубите на прв поглед е голема. Во првите три недели од месецот ќе преземете деловни ризици. Најдете време за одмор. Некои овни ќе се заинтересираат за екстремни спортови.

Бик

Последниот месец од годината ќе ги интензивира вашите чувства и ќе ве направи големи романтичари. Ако не сте во врска пред празниците ќе запознаете личност која ќе ве натера да го отворите срцето и ќе почнете врска. До 6 декември може да добиете телефонски повик од некој поранешен партнер. Месецов нема да сакате да работите сами, па ќе се ослонувате на пријателите и колегите. На 21 декември можно е да зпочнете да соработувате со лица од други држави или да добиете понуда за работа во странство. Исчистете го телото од токсини.

Близнаци

Месецов со партнерот ќе се поврзете на начини на кои не сте ни замислувале. И ако сте сами ќе имате интересен период да се поврзете со личноста што ви се допаѓа. Ако не сте во врска, можно е да запознаете личност во фитнес сала или ако волонтирате. Цел месец ќе се обидувате да ги реализирате своите деловни планови. Нешто ќе ви успее, но не се. Некои близнаци на крајот од годината ќе купат или ќе продадат недвижен имот. Месецот зајакнете го вашиот имунитет. Ако имате порок кој знаете дека ви штети, оставете го засекогаш до 11 декември.

Рак

Последниот месец од годината ќе ви ја засили желбата за авантури. Многу ракови ќе ги поминат празниците на дестинација од соништата заедно со саканата личност, а планирањето на тоа патување бескрајно ќе ги усреќува во преостанатиот дел од месецот. Бидете спонтани. Ако сте сингл можна е врска со странец. Декември ќе го разбуди вашиот претприемнички дух и ќе ве направи посклони кон ризици, па ако во изминатиот период се плашевте да основате сопствен бизнис или да го проширите постоечкиот, сега ќе го направите тој чекор. Нема да дозволите празничната атмосфера да ве понесе и занесе, па да заборавите колку е важно вашето здравје. Без разлика колку храна има на трпезата, ќе најдете начин да ѝ одолеете.

Лав

Крајот на годината ќе биде незаборавен за вас, бидејќи ви претстојат многу романтични моменти. Слободните лавови во декември ќе започнат врска. Некои од нив ќе ја пронајдат својата сродна душа со која ќе останат заедно до крајот на животот. На 2 декември Венера ќе влезе во вашата куќа на домот и семејството. Ќе размислувате да се вселите заедно. Некои лавови ќе се заљубат во пријател од детството со кого се немаат видено долго време. Овој месец заедничка инвестиција со партнер ќе ви донесе многу поголемо богатство одошто ако инвестирате сами. Во текот на декември лесно ќе паѓате на вкусните искушенија и понесени од желбата за забава, ќе бидете склони да ги прескокнувате тренинзите.

Девица

Декември ќе ви донесе совршен микс од дружби со пријателите и колегите, собири со семејството и интимни состаноци. Ќе бидете благодарни што покрај себе имате некој кој ве почитува и сака и посветено ќе работите на хармонијата во врската. Девиците кои се сами сега ќе се почувствуваат подготвени повторно да се заљубат.  Девиците кои се во брак треба да ги зачестат разговорите со сопругот и децата по 13 декември. Месецов ќе ги подобрите односите со колегите и ќе уживате во средбите со нив и за време на празниците. Ако не сакате да вежбате во теретана, пробајте да вежбате дома.

Вага

Месецов ќе сакате да бидете насекаде со секого. Распоредот постојано ќе ви биде натрупан со настани, средби, забави. Пред празниците, можно е да одлучите дека сакате да свртите нов лист и да живеете поздрав живот со партнерот. Ако сте сингл, ќе запознаете интересна личност. Во последните 10 дена од месецот некои ваги првпат ќе се запознаат со родителите на саканиот. Нема да дозволувате празничната атмосфера да ве понесе, па да ги занемарите вашите професионални обврски. Опуштената атмосфера нема да ви ги расипе здравите навики и да ве натера да прескокнувате тренинзи или да се храните нездраво.

Скорпија

Флертувањето месецов ќе ви биде најлесната задача. Очекувајте многу нови додворувачи, па не се задоволувајте со првиот кој ќе ви изрази љубов. Ова е месец кога не треба да ги криете вашите желби и потреби, бидејќи партнерот со задоволство ќе ви ги исполнува. Ако сте сингл на 7 декември ќе запознаете личност која ќе ве заведе. Иако во декември ќе се фокусирате на вашиот љубовен живот, во ниту еден момент нема да ги занемарите обврските. Првите три недели од месецот ќе бидете максимално продуктивни додека ви трае работното време. Потоа ќе ѝ се препуштите на забавата.

Стрелец

Фокусирајте се на вашите желби и потреби и на нештата кои треба да ги промените за да станете подобра личност. Новата година е на прагот, составете ја вашата листа со ветувања. Промените во надворешниот изглед ќе ви донесат многу нови додворувачи. Вие сте авантурист, па не се плашете да експериментирате. Ако сте во врска, разговарајте со саканиот за сè што ве мачи, нервира и усреќува. Кажете му што е она што ви се допаѓа кај него, а што ве нервира. Првите три недели од декември нема да ви недостига енергија и ќе бидете многу активни. Не прифаќајте нови обврски додека не ги завршите старите. Најдете баланс меѓу желбата за забава, работа и потребата од одмор. Исчистете го вашиот организам од токсини.

Јарец

Почнува месецот на јарците. Претходно, морате да се збогувате со минатото и да се фокусирате на иднината. Месецов ќе обожавате да се дружите, па ретко ќе поминувате време дома. Ќе ја шармирате околината, вклучително и вашиот партнер. Јарците кои се измачувале во љубовната врска конечно ќе соберат храброст да излезат од неа. Не се изненадувајте ако забележите дека пријател ве привлекува на романтичен начин. Кариерата ќе ви цути во последниот месец од годината благодарение на вашата способност да комуницирате правилно со светот. Не само што ќе си ја зголемите популарноста, туку и ќе си го подобрите имиџот на работа. Сепак, имајте на ум дека енергијата не ви е бесконечна и дека не треба да се преморувате.

Водолија

Празници се ближат, но вашата амбициозност ќе преовладува над вашата желба за забава. Работата нема да му пречи на приватниот живот, а вашето слободно време ќе биде резервирано за семејството, пријателите и партнерот. Излегувањата со партнерот ќе ја будат страста во вас. Многу водолии ќе си го подобрат односот со важна машка фигура – брат, татко, најдобар пријател, партнер. Некои сингл водолии пред Нова година ќе се сретнат со поранешен партнер. Декември за вас не значи да го намалите темпото на работа. Многу е важно да внимавате како се однесувате кон вашите претпоставени во првите 6 дена од месецот. Вежбањето во група луѓе ќе ви годи.

Риби

Иако вообичаено сте повлечена личност, сега ќе уживате да сте во центар на вниманието. Партнерот постојано ќе ви докажува колку многу ве посакува. Отпатувајтре некаде заедно. Ако сте сингл, отворете го вашето срце, но и вашиот ум. Декември ќе биде убав и за рибите кои се во врска на далечина. Нема да има невозможни мисии за вас овој месец. Додека сите други слават, вие ќе заработувате. Во првите три недели од месецот ќе направите долгорочен план што ќе ве исполни. Многу е важно да бидете трпеливи и да не очекувате успехот да дојде преку ноќ. Во последните 10 дена од декември посветете се на тимската работа пред индивидуалната.

Scroll to Top