Месечен хороскоп за јануари 2020 година

Овен

Во периодот кој следи ќе морате напорно да работите за да ја одржите заработувачка на солидно ниво. Успехот ќе дојде, но самите сте кројачи на сопствената среќа, така што во јануари сите работи зависат од вас. По природа сте многу самокритични, но овој месец ќе сакате да ги критикувате и другите. Кога ќе донесувате одлуки, бидете внимателни и сигурни во тоа. Избирајте ги соработниците внимателно и што и да правите не ги кријте својот ентузијазам и инспирација. Ако сте во врска овој месец е како создаден за паралелни врски и забранета љубов. Веќе на почетокот на јануари ќе флертувате со многу луѓе и воопшто нема да имате грижа на совест за тоа. Но, водете сметка. Работите лесно можат да излезат на виделина. Крајот на месецот носи интересно познанство со личност родена во воздушен знак. За слободните овни, оваа зима е идеална за нова љубов. Вие сте еден од оние знаци каде разумот и емоциите не одат еден покрај друг. Моментално тежнеете кон некои идеали, но ќе морате малку да се потсмирите и да бидете рационални. Во средината на месецот, можно е познанство преку пријател или роднина. Ќе се чувствувате феноменално и ќе бидете полни со енергија.

Бик

Јануари е обично досаден месец, но вам ве очекува непланирано патување кое ќе ве освежи. Овој месец ви носи можност и за зголемување на заработувачката, па добро е да бидете внимателни со трошењата и да не се залетате многу. Упорноста која е дел од вашата личност ќе се исплати и ќе добиете добри критики од колегите и надредените. Тоа ќе ви даде самодоверба и ќе го поправи вашето расположение. Овој месец барајте конкретни информации и држете се до своите долгорочни цели. Ако сте во врска, крајот на месецот носи несогласувања со саканата личност. Потрудете се да најдете компромис и да не ги правите конфликтите уште поголеми. Ќе ве привлекуваат јарец, овен и лав, но вашиот идеален партнер може да биде скорпија. На секој чекор ќе имате можности за флерт, но трудете се да уживате, а да не бидете крути и филозофски настроени. Имате таен обожавател кој нема храброст да ви пријде. Можна е и романса со колега. Овој месец ќе бидете малку повеќе нерасположени и раздразливи. Сепак, единствено нешто од што треба да се плашите се повреди.

Близнаци

Подгответе се, кога ќе почне јануари ќе се најдете на мета на работното место. Луѓето ќе го бараат тоа што го сакаат од вас и нема да имаат пардон за тоа. Во оваа ситуција, многу важен е вашиот пристап. Останете силни, главата горе. Потрудете се на надредените да им покажете колку придонесувате за работата.  Ако сте во врска забавете малку. Најдете време за саканата личност, но и за оние околу вас. Јануари е месец на празниците, искористете го времето да ширите љубов околу себе. Ако сте слободни, кКако што стојат работите, вие и во јануари ќе си останете истата неодлучна личност. Шанси ќе има, но бидете внимателни, можат брзо да ви избегаат, ако постојано се премислувате. Не го одложувајте одењето на лекар.

Рак

Ако се фокусирате на тоа што го сакате, успехот е загарантиран. Целиот месец ве очекуваат добри вести, па затоа направете соодветна стратегија и искористете ги во своја полза. Sвездите се на ваша страна, но не занемарувајте ги и останатите аспекти на успехот.  Финансиите никако да ви бидат доволни и овој месец, но научете да располагате со тоа што го имате. Ако сте во врска: Искористете го овој период за да му се заблагодарите на партнерот за сета поддршка и да покажете колку ви значи тоа. Некои зафатени ракови ќе се чувствуваат како љубовта полека да ги напушта, но нема потреба за грижи предвреме. Ако сте слободни ќе бидете многу непостојани и нема да ве држи место. Ова е идеален месец за запознавање нова личност, но ќе треба да излезете и да ги отворите очите. Лесно ќе ги препознаете потенцијалните партнери. Изминатите месеци претеравте со работа, па сега е време да успорите и добро да се одморите.

Лав

Овој месец некако погрешно ќе ја насочувате енергијата постојано. На крајот на месецот ќе пробате да ја планирате иднината, но тоа ќе ве измори и ќе се откажете. Размислете дали се однесуваат на адекватен начин кон вас на работното место и дали е тоа што го сакате. Ви се чини дека компромисот оди на ваша штета и дека тоа не е баш компромис. Успехот овој месец ќе доаѓа тимски. Најдете поддршка кај колегите и разговарајте за сите работи кои ве мачат, а се поврзани со работата. Ако сте во врска или брак, можно е изненадно патување. Зафатените претставници на овој знак ќе бидат опсипани со внимание од страна на саканата личност и тоа ќе им годи. Не ги преиспитувајте мотивите, само уживајте. Ако сте слободни ќе сакате да правите промени кај себе, што ќе влијае многу позитивно кај спротивниот пол. Длабоко во себе сакате нова врска која ќе трае, а не авантури.  Можни се вирусни инфекции. Хранете се поздраво овој месец.

Девица

Ова е месец во кој ќе бидете многу ангажирани на сите страни, а ќе делувате многу моќно пред колегите. Неопходно е својата енергија и време да ги насочите кон работи кои ќе ви донесат голема корист. Послушајте ги советите од колегите. Ќе бидете и многу уморни, па не би било лошо да размислите за некој вид одмор. Заслугите за вашата напорна работа ќе ги добиете на крајот на месецот, во вид на финансиска добивка што ќе ви дојде многу добро. Ако сте во врска уживате во љубовта и имате огромна поддршка од саканата личност, но како да не ве интересира брак или заеднички живот. Тоа не би било проблем, но вашиот партнер го сака токму тоа. Вие имате големи очекувања кои не се поврзани со тоа и затоа најдобро е да седнете и разговарате за работите кои и двајцата ги сакате. Можно е да запознаете личност преку работа, но ќе се поставите многу драматично бидејќи нема да сакате никој да знае за вас. Ако ви се допаѓа таа личност пробајте да се опуштите, па работите ќе дојдат на свое. Пад на имунитетот.

Вага

Новата година носи големи предизвици. Можно е да се соочите со многу тежок и напорен период, па добро би било да се приспособите на тоа уште на почетокот на месецот. Потрудете се да имате мало разбирање за колегите, наместо да бидете импулсивни и да ги расипувате односите со нив.  Бидете нежни и добри кон саканата личност. Не го истурајте стресот на неа, бидејќи не го заслужува тоа. Ако не можете да се соочите со стресот, одалечете се малку, но потрудете се да се смирите заедно во убавите љубовни моменти. Не го очекувајте невозможното овој месец. Идеални партнери ви се девица и бик. Можно е да иницирате некои контакти, но ништо конкретно нема да се случи ако не знаете кај сте, а така се чувствувате овој месец.

Скорпија

Настапува период кога ќе морате да ја средите ситуацијата на работа, но и финансиите. Успесите ви се на дофат, но морате да го изодите последниот чекор. Соработката ќе оди добро со другите скорпии, но и забавните овни. Бидете трпеливи овој месец. Ако сте во врска: Можете да очекувате финансиска поддршка од партнерот, а можно е и заедничко инвестирање во иднината. Постојано имате впечаток дека партнерот крие нешто од вас, но треба отворено да го поставите тоа прашање, а не да изигрувате детектив. Потрудете се да сфатите што има партнерот да ви каже без да запаѓате во големи конфликти. За слободните скорпии доаѓа месец во кој можеби ќе ја сретнат личноста на нивниот живот, но тоа ќе се случи само ако излегуваат почесто. Здравјето е одлично, сепак не изигрувајте јунаци, грижете се за своето здравје.

Стрелец

Се трудите да ги разберете туѓите проблеми, но треба да сфатите дека не сте психолог. Посебно внимание треба да обрнете на ситуациите кои се во интерес на целиот тим, а не нечии поединечни особено ако сте во улога на лидер на работното место. Овој месец ви носи и финансиска добивка, но вие веднаш ќе ги потрошите таквите пари на уживање. Средината на месецот ви носи поуспешни работи кои ќе бидат подобри од оние од претходно. Сепак, потрудете се да не се истакнувате многу. Ако сте во врска: За вас, јануари како и декември е период на преиспитување дали сте направиле добра одлука. Некои стрелци ќе тргнат кон тоа да ја зацврстат својата врска, а други ќе раскинат. Сепак, никако не ве очекува мирен месец. Крајот на декември ви донесе неволји и сега сакате конечно да се одморите од тоа. Доаѓа симпатична романса со личност која неодамна сте ја запознале. Грижете се за своето здравје повеќе од вообичаено, овој месец.

Јарец

Конечно доаѓа период да се стабилизирате, а ќе имате многу прилики за тоа овој месец. Во јануари ве очекуваат многу успеси, а тоа се однесува повеќе и на оние кои неодамна почнале нова работа. Ќе имате доволно финансии, но ќе треба да сте грижливи околу нив. До вас ќе стигнат и одредени информации кои ќе ви помогнат во работата. Јануари е одличен за оние кои се занимаваат со приватен бизнис. Ако сте во врска овој месец ќе помине без проблеми. Пробајте да се насочите кон семејството и да уживате во празничните денови.  Потајно сакате да се смирите со некоја личност од минатото и фокусирани сте само на тоа. Во средината на јануари ќе пробате и да остварите комуникација со таа личност. Но, советот е да се држите подалеку од тоа. Можни се мигрени и повреди.

Водолија

Старите предизвици доаѓаат повторно да ве мачат, но и да ве зајакнат малку. Сепак, потрудете се да се смирите бидејќи крајот на месецот ви носи подобрување на ситуацијата на ова поле. Останете каде што сте, и зачувајте го добриот однос со колегите и надредените.  Средината на месецот ве очекуваат нови контакти и можности за соработка. Но, ќе бидете малку склони кон депресија поради работата. Ако сте во врска: Вашиот партнер очекува многу од вас. Видете колку од тоа можете да исполните. Ако сте слободни: Многу ви годи нечие внимание, но никако да и дадете шанса на таа личност. Ако влегувате во нови љубовни приказни, прво проверете какви ви се можностите, а дури потоа донесете одлука.  Ќе ве мачи стрес во текот на целиот месец.

Риби

Јануари ќе биде малку поповолен за вас. Одговорни сте и посветени и не дозволувате ништо да го менува вашето расположение. Ќе имате многу обврски и ќе морате да се приспособите на распоредот, но ќе успеете во тоа. Ова е стресен месец за вас на ова поле, но ќе успеете да ги надминете сите предизвици. Мирен период за оние кои се во стабилни врски. Можни се недоразбирања, ќе треба да решите проблем кој трае веќе некое време. За слободните риби, и се допаѓате многу на некоја личност, но нашиот совет е да ѝ дадете шанса. Можни се настинки и главоболки.

Scroll to Top