Месечен хороскоп за јануари

Овен

Јануари за вас ќе биде месец полн со енергија, месец во кој ве очекуваат бројни предизвици по кои ќе тргнете со голема сила, а  нема да се вртите назад. Марс цело време ќе престојува во вашиот знак осигурувајќи ви сила на воин. Нема да vi недостигаат битки, особено на деловен план. Во вториот дел од месецот, ќе го почувствувате негативното влијание на Меркур кој ќе ви создава бројни пречки на сите полиња. Но затоа пак, љубовта ќе ви цвета. Венера ќе ги заштитува тукушто родените врски, а ќе ги зајакне старите врски.

Бик

Месецот декември беше тежок на љубовен план. Ретроградната Венера ги стави во криза дури и најстабилните врски. Но конечно, во јануари, планетата на љубовта ќе ви се врати да ви се насмее и ќе успеете да си го вратите спокојството. За оние кои се осамени – наскоро се отвора врата за нова љубовна приказна, и тоа многу важна! На работен план, пристигнуваат повеќе убави вести во втората половина на месецот, кога Меркур ќе ви помогне да остварите важни средби и ќе ве стави пред нови значајни предизвици.

Близнаци

Ддекември беше прилично тежок месец на професионален план, а јануари ќе биде тежок но на љубовно поле. Почнувајќи од 7 јануари, планетата на љубовта Венера ќе ви донесе големи промени во љубовните врски. Ако имате нешто да расчистите со партнерот, подобро е да го направите тоа најдоцна до 7 јануари! За среќа, на работен план ќе успеете да си го вратите спокојството, особено во втората половина на месецот. Планетата Марс ќе биде поволна, што значи дека ќе имате енергија за да се соочите со проблемите и полесно да ги решите, а и здравјето ќе ви биде одлично!

Рак

Првиот дел на месецот јануари нема да биде многу пријатен за вас, туку прилично стресен. Планетата Марс ќе биде во негативна позиција, а тоа ќе направи да се чувствувате уморни и без енергија. На работното место ќе се појави значаен проблем во вториот дел од месецот со кој ќе морате да се соочите. Сепак, тоа ќе ве направи видно нервозни. Обидете се да останете мирни колку што можете, зашто станува збор за минлива опозиција на Меркур, особено негативна од 12 јануари. Сметајте дека партнерот е секогаш тука за вас па затоа посветете му повеќе љубов и внимание.

Лав

Декември не беше многу добар за вас на емотивен план – негативната поставеност на Венера ви предизвика проблеми во врската. Но почнувајќи од 7 јануари, Венера ќе ви се насмее и ќе застане на ваша страна – очекувајте враќање на спокојството со партнерот и размена на убави емоции. Марс е исто така поволен, па ќе ви подари многу енергија и добро расположение. Искористете го вашиот лавовски карактер да се изборите со сите битки на деловен план – зашто секако ќе бидете супериорни!

Девица

Додека новогодишните и божиќните празници ќе ви поминат со многу љубов и одлично расположение, по 10 јануари, Венера ќе заземе негативна позиција за вашиот знак, создавајќи ви проблеми во врската. Младите врски можа ризик дали ќе преживеат. За среќа, Меркур ќе биде на ваша страна и ќе ви донесе многу задоволства на работното поле. Во втората половина на месецот ќе слушнете преубави вести, а можна е и промоција на работното место. Внивавајте само да не се преокупирате премногу со работата, па да страда и онака кршливата врска во овој период.

Вага

Целиот јануари ќе бидете под влијание на планетата Марс која е во опозиција. Тоа ќе направи да се чувствувате многу уморни и без енергија, но и без волја да ги истуркате работите на деловен план. За среќа, поволна ќе биде Венера и почнувајќи од 7. може да сметате на одлична среќа на љубовен план. Покрај вас ќе биде вашиот партнер секогаш подготвен да ве поддржи, додека осамените ваги може да запознаат интересно лице. На работното место во текот на целиот месец ќе се соочувате со блокади кои ќе станат нагласени кон самиот крај на јануари.

Шкорпија

Декември за вас беше месец полн со емоции и страст, а и јануари ќе почне со истото љубовно темпо. Но од 7 јануари Венера нема веќе да биде во врска со вашиот знак, па затоа доколку треба да направите разговор со саканото лице, направете го тоа пред оваа дата! На работно поле пак, втората половина на месецот може да сметате на плодовите од вложениот труд. Ако имате во план нов проект, ова ќе биде вистинскиот момент да го почнете. Само напред!

Стрелец

Јануари ќе биде навистина еден посебен месец за вас! Почнувајќи од 7., планетата Венера ќе застане на ваша страна, подготвена да ви подари огромна љубов. Осамените стрелци ќе имаат можност да запознаат важна личност, додека старите врски ќе уживаат во романтични мигови. Големи мигови исто така ве чекаат на деловен план, особено во првиот дел од месецот. Меркур во релација со вашиот знак ќе ви донесе резултати кои долго сте ги очекувале, додека поволниот Марс ќе ве награди со супер расположение и многу енергија за лесно да ја надминете секоја деловна битка.

Јарец

Јануари за вас ќе биде месец полн со обврски, малку тежок, но во секој случај победнички! Ќе вложувате многу на деловен план, но на крајот резултатите ќе бидат видливи. Од 12 јануари планетата Меркур ќе биде во релација со вашиот знак носејќи ви бројни можности, особено на деловен план. Искористете што повеќе од нив! Не е исклучено да добиете нова деловна понуда или пак да бидете унапредени. Љубовта пак ќе биде во втор план, но стабилните врски нема за што да се грижат!

Водолија

Во последниот период ѕвездите не беа поволни за вашиот знак, особено на деловно поле. Но јануари е месец кој ќе започне на најдобар можен начин, а ќе се развива се подобро! Во втората половина на месецот ќе ја имате и поддршката од Меркур кој ќе ви отвора големи врати и од вас ќе прави победник во секоја деловна ситуација. Љубовта ќе ви оди од рака во првата половина на месецот, но во вториот дел на јануари внимавајте да не влегувате во кавги со партнерот!

Риби

Во последниот период ѕвездите не ви беа наклонети, особено на работен план каде се соочувавте со куп проблеми. Јануари нема да започне на најдобар можен начин, но ќе станува се подобар – во вториот дел од јануари, Меркур доаѓа на помош и ќе биде ваш заштитник! Затоа лесно ќе ги решавате сите проблеми на работен план, но и ќе ви се отворат многу нови можности. Искористете се што ќе ви дојде при рака! Љубовта ќе ви биде наклонета во првата половина на јануари. Внимавајте само на 7 јануари да не дојде до недоразбирање со партнерот.

Scroll to Top