Месечен хороскоп за јуни 2020 година

Овен

Во текот на првиот летен месец родените во знакот на овен нема да имаат претерана среќа на полето на кариерата и финансиите. Пред се тоа ќе се однесува на оние кои очекуваат на своето работно место да бидат иновативни и креативни. Овните во текот на јуни ќе се соочат со една креативна криза ќе останат без идеи, ама не само тоа ќе останат и без волја и мотивација да се придвижат. И на љубовно поле работите нема да се одвиваат како што сакате, па малку ќе бидете напорни бидејќи како и секогаш, сакате работите да се како што вие ќе замислите. Тоа за овните е лекција – наместо да се буните и расправате, пробајте едноставно да ги пуштите работите да одат по својот тек. Тоа што не е до вас, туку до партнерот, можете да го постигнете само со љубов и поддршка. Слободните овни ќе бидат малку агресивни во изразувањето на своите чувства и ќе бараат нешто, но ретко кога ќе бидат директни во однос на тоа. Пробајте да се опуштите и да видите како ќе се случуваат работите, без да пробувате постојано да туркате напред. Посветете внимание на своето здравје – здравата исхрана и физичка активност.

Бик

На деловно поле ќе покажете огромна мотивација и иницијатива на себе да преземете дополнителни обврски, што кај вашите надредени ќе наиде на одобрување и позитивна оцена. Овој месец доаѓа искушение за биковите кои се во врска. Можна е афера надвор од врската или бракот која само ќе ви го искомплицира животот, а и нема да успеете да ја надминете лесно, ако решите да се впуштите во неа. Запрашајте се дали возбудата е поважна од тоа што имате да го изгубите. Слободните бикови исто така би можеле да се заплеткаат во емоционални компликации – можеби ќе се најдете во паралелна врска, не сфаќајќи ја сериозно од почеток, но тоа може да биде помалку забавно одошто мислите. Бидете искрени кон себеси и пробајте да си дадете одговор дали е ова тоа што вистински го сакате. Здравјето на родените во овој знак добро ќе ги служи.

Близнаци

Промените на личен и љубовен план се случуваат мошне брзо за вас, а веќе не сте ни сигурни дали тоа ви одговара. Најдете време да размислите за да откриете што е тоа што го сакате. Избегнувајте ги непотребните кавги во врската кои нема да ве однесат никаде. Слободните близнаци ќе уживаат во динамичен период и ќе се трудат да надокнадат за период кога беа заглавени дома поради пандемијата. Полни сте со енергија, добро расположени и шармантни, така што ќе ви годат можностите кои ви се нудат. Поправете ја вашата исхрана ако сакате да се чувствувате подобро. Заборавете на брзата храна и производите од пекара, од нв се чувствувате лошо, малаксано и отечено. Најверојатно станува збор за нетолеранција на брашно, а за да утврите треба да идете на дополнителни тестирања и анализи. Немојте да си играте со здравјетот мораде навремено да реагирате и да преземете одредени чекори. Ако посомневате дека нешто ви пречи побарајте совет од стручно лице.

Рак

Во партнерот ќе ја најдете поддршката која ви е потребна, но важно е да не ги криете своите чувства и евентуални незадоволства, доколку ги имате. Искрено и отворено кажете што ве мачи. Тоа ќе ви помогне да се изборите со било кој проблем и да го имате. Слободните ракови имаат интензивна потреба да се зближат со некого. Ви недостасува нежност и поддршка, но не брзате да почнете врска со првата личност која ќе се појави во вашиот живот. Чекор по чекор. Физичката активност мора да ви биде на прво место ако сакате да ја подобрите својата кондиција ама и својот изглед. На сите им говорите дека не можете да ослабнете, а како да ослабите кога не се движите доволно и јадете лоша храна.

Лав

Во партнерските односи настапува период на решавање на проблемите кои се наталожиле и за кои досега немавте трпение, но ни капацитет. Се чувствувате стабилно и сакате да се посветите на врската, но сакате и време за себе. Слободните лавови ќе се соочат со разрешување на незавршените прашања и односи, па можно е да се појави бивш партнер и повторно да стане актуелен. Можеби ова е нов почеток. Бидејќи и двајцата сфаќате дека убаво функционирате заедно. Конечно одлучивте да го промените свото темпо на живеење па уфрливте физичка активност во своето секојдневие. Ова го пробувавте и порано но сега конечно успеавте. Не се откажувајте и продолжете а ви препорачуваме физичките активности да ги правите во друштво на некој ваш пријател – така ќе ви биде полесно.

Девица

Ако можете со партнерот да се договорите и да го усогласите тоа што е важно, ова ќе биде добар период. Ако ви е тешко да правите компромиси, можеби и не треба да сте во оваа врска. Време е да покажете толеранција, за да го сочувате мирот и стабилноста, не правете драми, бидејќи не е време за тоа. Ако не сакате да сте дел од оваа врска, заминете си. Слободните девици ќе бидат нетрпеливи на ова поле и ќе сакаат да побрзаат и утврдат дали некој однос ќе се развива онака како што тие сакаат. Не сакате да губите време, но всушност треба да одите чекор по чекор. Уште од мали имате страв од докторите и болниците, некои после некое време го губат тој страв но кај вас е се уште присутен. Но овојпат мора да отидете на овој преглед. Ќе ви биде многу подобро откако ќе се проверите дали е се во ред со вашиот организам или дали треба нешто да менувате во вашите активности.

Вага

Партнерот би можел да ве обвини за тврдоглавост овој период, бидејќи држите до своите ставови и никако не попуштате. Можеби е време да дозволите другата страна да запознае еден друг дел од вашата личност, а тоа е мирољубивата страна и подготвеноста за компромиси. Слободните ваги имаат потреба да се препуштат на чувствата. Сепак, бидете внимателни кого бирате покрај себе бидејќи тоа може да ви го закомплицира животот. На една личност и значите многу, но некако како да сте слепи пред неа. Можни се проблеми со внатрешните органи, а кај вас први на удар се бубрезите и бешиката. Склони сте на инфекции и без оглед колку се чувате инфекциите порано или подоцна ви се враќаат.

Скорпија

Романтичен период за скорпиите и партнерските односи. Ќе бидете доволни еден на друг, ќе чувствувате размена на енергии и вашиот однос ќе биде на одлично ниво. Склони сте кон големи гестови, а партнерот е поласкан од таквото однесување. Слободните скорпии ќе бидат многу чувствителни овој период што може да ги вплетка во мали компликации, со луѓе кои не го доживуваат контактот со нив на некој посебен начин. Можни се мали разочарувања, но ова ќе биде возбудлив период за вас. Ќе имате несоница овој месец па можно е да почувствувате главоболки. Стресот кој секојдневно го чувствувате, притисокот на работа и од страна на некои ваши блиски луѓе можеби довеле до та да немате квалитетен сон, ама тоа наскоро ќе се среди.

Стрелец

Ќе водите смислени и длабоки разговори со партнерот, па интелектуалниот дел од вашиот однос ќе биде на прво место, а тоа многу ќе ви годи. Можеби ќе почнете и поинаку да ја доживувате саканата личност, за што ќе бидете пријатно изненадени. Чувствувате како се менуваат работите на подобро. Слободните стрелци ги очекува судбоносна средба. Излегувајте, движете се, патувајте (ако постојат услови за тоа). Кога ќе ја сретнете оваа личност, веднаш ќе ја препознаете. Проблемите со забите пак не ви даваат мира. Некои проблеми со забите од минатото повторно ви се навраќаат. Она што е важно е да не дозволите да додје до инфекција и до ширење на воспаление и црвенило.

Јарец

Во партнерските односи е потребна смиреност, важен е тонот во комуникацијата бидејќи партнерот реагира на вашите зборови, а тие се студени иако можеби не сакате да е така. Можете да постигнете многу, но само ако љубезно замолите и го зачините тоа со нежни гестови и изјави на љубов. Ѕвездите ги предупредуваат слободните јарци на неочекувани ситуации и изненадувања во текот на јуни. Можете да ја откриете длабочината на својата страст на различни начини. Ова е период кога ќе одите од крајност во крајност, пробувајќи да најдете баланс и рамнотежа. Имунитетот овој период нема да ви биде најдобар. Ако реагирате на време со внесување на природна и здрава храна без адитиви и конзерванси може да ја победите малаксаноста, заморот и констатната потреба за сон која ќе ја имате овој месец.

Водолија

 

Период на цветање на љубовните и семејните односи. Ќе доживувате убави чувства, заеднички активности, ова е одличен период за заедничко опуштање, страст и романтика, но и квалитетно време со најблиските. Слободните водолии ќе среќаваат нови и интересни личности, иако воопшто не се трудат да запознаат некого – друштвениот живот ќе биде динамичен, па новите средби ќе се одвиваат спонтано. Ќе имате можност да избирате меѓу повеќе личности. Можно е да имате проблеми со болки во нозете.. Морате да најдете време за одмор и за некои релаксирачки активност, не е поентата животото да ви биде окупиран само со работата.

Риби

Овој период ќе чувствувате силен прилив на енергија што ќе ви помогне да дојдете до некои промени кои сте ги посакувале долго, а не сте имале можност да ги спроведете. Подготвени сте да работите на врската, но без услови и драми. Сепак, не е е време за драстични промени. Одете чекор по чекор. Очекувате некои проблеми кога станува збор за деловните идеи и нивната примена во пракса. Ќе имате губитоци и сами нема да ги решите проблемите на работа. Побарајте помош. Слободните риби ќе се запознаат со личност за која нема да знаат ниту што да мислат, ниту што чувствуваат. Ќе бидете во искушение да се препуштите. Интересен месец е пред вас. Здравјето ќе ви биде одлично!

Scroll to Top