Месечен хороскоп за мај

Овен

Овој месец ќе се подобри финансиската состојба. Венера може да ви донесе многу подароци или други привилегии. На професионално поле, овој месец ќе биде доста активен. Стресот ќе ви претставува товар, но ќе гледате поведро на работите. Бидете внимателни, бидејќи ризикот од несреќи и разни инциденти ќе биде висок овој месец. На 3 мај Венера ќе влезе во овен и ќе остане до крајот на месецот. Ова значи подобрување на врската. Ќе му посветите поголемо внимание на вашиот изглед повеќе отколку порано. Доколку не сте во врска, бидете подготвени за многу пријатни изненадувања.

Бик

Месецов ќе имате поголема самодоверба и ќе оставите добар впечаток на сите. Ќе носите правилни одлуки на професионално поле, а тоа ќе ви ја подобри и финансиската состојба. Можно е службено патување. Ќе имате повеќе сила и ќе се чувствувате енергично. Но, сепак, бидете внимателни, бидејќи се можни сезонски настинки. Состојбата ќе се подобри во вториот дел од месецот. На љубовен план ќе имате многу причини за задоволство. Ако не сте во врска, ќе имате можност месецов да го смените тоа, со тајна врска на почетокот. Ако сте во врска, тогаш очекувајте нејзино зацврстување.

Близнаци

Ова е месец кој ќе ви се допадне од професионална перспектива. Најчесто, месецов ќе бидете зафатени и ќе работите со полна пареа, но на крај парите ќе дојдат до вас, па ќе уживате по вложениот напор и труд. Во последната недела од мај ќе можете најдобро да се организирате и да ги избалансирате обврските. Ќе имате многу енергија. Внимавајте на болестите кои кружат околу вас и обрнете повеќе внимание на личната хигиена. Во љубовта ве очекуваат интересни, но не толку романтични моменти. Оние што не се во врска ќе имаат можност да запознаат  нова личност со која ќе започнат љубовна романса.

Рак

Овој месец ќе имате можност да присуствувате на неколку важни социјални настани кои ќе влијаат на подобрувањето на вашата кариера. Но, не сите ќе бидат среќни за вашите успеси. Некој ќе ви зборува зад грб, но потрудете се да ги занемарите тие коментари. Во првите две недели од мај ќе бидете во добра форма и ќе се чувствувате енергично, но морате да внимавате на стресот. Во последната недела од мај вашата енергија ќе се намали. На љубовно поле, ситуацијата ќе биде стабилна. Можеби ќе поминете низ моменти во кои вие и вашиот партнер ќе имате различни размислувања. Оние кои се сингл, можеби нема да влезат во врска месецов, но затоа ги очекуваат многу љубовни авантури.

Лав

Овој месец ќе имате големи амбиции и ќе чувствувате потреба за успех. Финансиски, мај е доста оптимистичен. Шансите за добра заработка ќе ви бидат загарантирани. Ќе бидете посебно успешни во тимската работа. Мај може да ви донесе мали проблеми со здравјето, затоа внимавајте на вашата исхрана и пијте повеќе течности. Не вложувајте премногу напор и избегнувајте ги работите кои ви предизвикуваат стрес. Оние коие се во врска може да почувствуваат дистанцирање од партнерот, но тоа ќе трае само краток период. Оние кои не се во врска ги очекуваат многу пријатни изненадувања.

Девица

Меркур, водачот на девица, овој месец ќе биде лоциран во куќата на кариерата. Тоа ќе ви донесе дополнителна амбиција и желба за истакнување. Тоа е добро за вашата финансиска состојба. Избегнувајте кревање тешки предмети и работи кои ве изложуваат на стрес. Внимавајте на сезонските настинки. Овој месец, планетата Јупитер ќе се погрижи за вашите романтични моменти, а и во дадени ситуации ќе ви даде храброст да го направите првиот чекор. Не двоумете се многу, прифаќајте ги понудите за состанок од личностите кои ви се допааѓаат.

Вага

Maj ветува креативно исполнување од професионален аспект. Ќе имате оригинални и иновативни идеи со кои ќе ги промовирате вашите замисли. Последната недела од мај ќе ви биде најперспективна и со најмногу успеси. Во првите две недели од мај, внимавајте на настинките кои демнат. Во последната недела очекувајте виталноста да ви се врати. На 3 мај Венера ќе влезе во вага и во куќата на паровите и ќе остане сѐ до 29. Доколку не сте во врска, ова е дефинитивно најдобриот период да ви се насмевне среќата, а доколку сте во врска, веројатно ќе имате пријатен однос со партнерот. Но, внимавајте, кон крајот на месецот можат да се случат работи за кои не очекувате.

Скорпија

Фокусирајте се на соработката со вашите колеги. Овој месец тимската работа ќе ви биде од големо значење. Одете на што повеќе важни настани од професионален аспект, на кои ќе запознаете личности кои ќе ви помогнат во кариерата. Треба да му обрнете големо влијание на здравјето. Сезонските настинки сѐ уште не престанале. Затоа, направете сѐ што можете за да се заштитите и секако внесувајте поздрава храна. Во овој период ќе ја имате способноста да го разберете вашиот партнер, повеќе од обично. Доколку не сте во врска, ќе имате можност да запизнаете некоја личниост во околината во која работите.

Стрелец

Првите две недели од месецот ќе ви бидат активни на професионално поле. Од финансиски аспект, месецов ќе поминете добро, доколку паметно ги трошите парите. Внесувајте повеќе витамини, бидејќи така ќе ви се подобри имунитетот. Исто така, секое слободно време користете го за рекреација, која ќе ви даде дополнителна енергија. Планетата Венера ќе премине во куќата на љубовта и еротиката, што значи дека мај ќе биде многу сензуален месец и полн со атрактивни понуди. Венера е водач на љубовта, задоволствата и среќата, па ќе ви помогне да ја подобрите комуникацијата со партнерот. За оние кои не се во врска, овој месец ќе им донесе многу сплет на околности и пресврти.

Јарец

Ве очекува период исполнет со многу работни обврски и многу нови проекти, па затоа за вас би било добро да работите со полна пареа. Ова ќе биде турбулентен месец, во кој покрај обврските ќе преовладуваат и конфликтите со претпоставените. Ќе бидете во прилично добра форма, што значи дека ќе имате многу енергија. Втората недела од мај може да ви донесе некои медицински решенија, во случај да ви требаат. Одете редовно на рутински прегледи. Овој месец ќе бидете многу емотивни и ќе сакате врска која нуди стабилност. Можеби треба да поразговарате со вашиот партнер за да живеете заедно, бидејќи така ќе се чувствувате поисполнето.

Водолија

Овој месец ќе имате нови, креативни и генијални планови во врска со некои нови проекти. Вашата кариера ќе оди во нагорна линија, што значи дека и финансиски ќе немате скоро никаков проблем. Добро би било да ги искористите талентите кои ги поседувате и да ги покажете на другите луѓе. Овој месец ќе бидете во добра форма, но не претерувајте со вежбањето. Понекогаш, помалку е повеќе. Во последната недела од мај, можно е да чувстувате тегоби во стомакот. На 7 мај Меркур ќе влезе во куќата на љубовта и романсата и ситуацијата ќе се подобри. Ќе добиете неколку понуди од личности од спротивниот пол.

Риби

Пред вас, е прилично активен период, исполнет со состаноци и патувања. Првата недела од мај ќе биде поволна за пишување, калкулирање, преговарање и држење говори. Ова е исто така добар месец за инвестирање во недвижнини. Бидете внимателни во врска со сезонските настинки, посебно во првиот дел од месецот. Негрижата, како и нехигиената можат да ви донесат проблеми со здравјето. Ова ќе биде стабилен месец во кој ќе ја сакате удобноста и сигурноста. Доколку сте во врска, добро би ви дошло едно патување со партнерот, кое ќе ве одалечи од секојдневните проблеми.

Scroll to Top