Месечен хороскоп за ноември 2019 година

Овен
Ќе бидете привлечни, отворени и интуитивни, а ќе разбудите и страствен дел од себе, досега непознат за другите. Ноември ви носи одлична љубовна енергија и хармонија. Дури и кога ситуацијата ќе биде напната, всушност ќе носи доста позитивни промени во љубовта. И на работа ве чека позитивен развој на нештата, особено на поле на финансиите. Се чувствувате енергизирано и витално, но тоа не значи дека не ви е потребен мал одмор од секојдневието.

Бик
Љубовта овој месец ќе ви биде приоритет, бидејќи некако ја запоставивте изминатиот период. Одлично комуницирате, а саканата личност е тука за да ве слуша. Сакате сериозни врски, а не минливи авантури. Успешно комуницирате и на работното место и лесно се прилагодувате на правилата. Потпрете се на сопствената способност за проценка на ризиците и верувајте си себе. Не заборавајте на физичката активност и хранете се добро.

Близнаци
Ноември ви носи многу пријатни и среќни моменти, исполнети со љубовно задоволство. Саканата личност го очекува вашето внимание, бидете отворени и искрени, а дозволете си и да ја покажете својата нежна страна. Во овој месец потрудете се да го сработите сето она што заостанало, бидејќи годината веќе е при крај. Ако не сте задоволни, побарајте нова работа. Внимавајте на имунитетот, бидејќи ако сега настинете, може цела зима да ја „влечете“ настинката.

Рак
Само со добра тактика и промисленост ќе успеете да се извлечете од незавидната ситуација во љубовта во која самите се ставивте. Сакате љубов и внимание, но засега ќе треба да се задоволите со близината со друштвото и семејството. За среќа, на работа сте поефикасни отколку во личните односи, брзи сте и остроумни, но мора да внимавате како ги трошите парите. Време е да се изборите со мрзеливоста и да почнете да вежбате.

Лав
За лавовите во ноември најважно е да не дозволуваат никој да ги исфрли од колосек. Овој месец ви носи пријатни моменти, но и можни провокации од минатото. На крајот на месецот многу нешта ќе бидат појасни. Кариерата ви е приоритет, сакате излез од комфорната зона, но и постојано сте загрижени за финансиите. Не грижете се, ќе бидете одлични во работата. Уморни сте и барате начин како ефикасно да ја обновите енергијата.

Девица
Овој месец ќе се посветите на семејството и тоа ќе ви одземе многу енергија, бидејќи има несогласувања кои морате да ги разрешите. Љубезни сте и великодушни, а интуицијата добро ве води во љубовните односи. На работа многу нешта зависат од вашите одлуки, но вие не можете да се сконцентрирате на решенијата бидејќи мислите постојано ви лутаат насекаде. Ноември ќе ве исполни со енергија и со добро здравје, без нервози.

Вага
Знаете како да ја искористите својата заводливост и вистинските зборови во вистински момент, за да го добиете она што го сакате, на сосема дипломатски начин. Ве чекаат прекрасни љубовни мигови. Барате начин да го зголемите приливот на пари, а тоа значи и дека некогаш ќе мора да работите и прекувремено, но и да намалите со забавата и непотребното трошење. Се чувствувате здраво и физички и ментално, полни сте со позитивна енергија.

Скорпија
Таинствени сте во своите љубовни планови, планирате како најефикасно да заведувате, но мислите ви се расфлани на повеќе страни и ништо од тоа нема да резултира со сериозна врска. Во работата вложувате многу време и труд, бидејќи некои задачи веќе не може да се одложуваат. Финансиите се стабилни. Размислете како да го подобрите своето здравје, јадете здрава храна и потрудете се добро да спиете.

Стрелец
Ова е време кога треба да ги прифатите разликите меѓу вас и саканата личност, наместо да ги гледате како пречка. Полни сте со љубов и одлично комуницирате. Проблемите решавајте ги мирно, без повишување на гласот. Имате добро и здраво темпо на извршување на работните задачи, а ситните недоразбирања не ве исфрлаат од такт. Сепак, ноември не е добар месец за големи промени на работа, но затоа е одличен за да почнете да живеете поздраво.

Јарец
Не можете да се одлучите дали сакате да бидете во стабилна врска или да се препуштите на повеќе љубовни авантури. Решете го тоа со себе пред да вовлечете втора личност во ваквите односи. Професионалниот живот е стабилен, а размислувате и за започнување на нови проекти. Напорно работите, а тоа ќе ви се исплати. Поставувајте здрави цели, за да не го изгубите здравјето обидувајќи се да ги остварите.

Водолија
Љубовта е силата која ќе го придвижува целиот ваш живот во текот на овој месец. Сакате промени, одлични сте во комуникацијата и нема да имате никакви тешкотии во личните односи. На работа ќе бидете пример како со доволно труд може да се постигнат дури и највисоките цели. Амбициозни сте, но мора навреме да ги одредите своите приоритети. Инспирирани сте и сакате повеќе да се грижите за целокупното здравје. Добро ви оди.

Риби
Постојано сонувате за љубов како од бајките, а сега е одлично време и тоа да го остварите. Страста и сексуалноста ви се нагласени и чувствувате голема сила и импулсивност. Во исто време, мора да направите објективна анализа дали вашата кариера се развива во посакуваниот правец или пак, сте оставиле нештата сами да се градат. Се чувствувате одлично, а уште подобро ќе биде ако повеќе се движите и внесувате повеќе течности.

Scroll to Top