Место во ковчег, го погребал татка си во „бмв“

Нигериец го погребал својот татко во скапоцен автомобил „бмв Х5“ место во ковчег. Тој сакал татко му да го напушти овој свет со стил.

Азбукие од Ихала уште како дете му ветил на својот татко дека ќе му купи автомобил од соништата. Кога татко му починал, момчето дало 66.000 евра за „бмв Х5“ како би го исполнил своето ветување.

Автомобилот на покојниот е сместен во огромна дупка на селските гробишта, а фотографиите од погребот станале многу гледани кога се појавиле на социјалните мрежи, пишува „Дејли мејл“.

Како што пренесуваат светските медиуми, Азбукио сакал татко му од овој свет да си замине со стил кога веќе таквата можност не му ја овозможил додека бил жив.

Луксузното возило наводно било опремено и со навигација што требало да му помогне да го пронајде патот до рајот.

Фотографиите веднаш предизвикале лавина коментари на социјалните мрежи, а луѓето главно го критикувале неговиот потег затоа што мислеле дека парите можел да ги искористи за подобри цели.

 

 

Scroll to Top