Метеорит го осветли небото над Измир во Турција, а потоа предизвика пожар

Турските телевизиски канали објавија снимки на очевидци кои забележале силен сјај на небото над Измир и Маниса.
Според очевидци, вечерта на 18 август, околу 22 часот по локално време, небото над западните провинции на Турција одеднаш цело светнало, а причината за тоа е пад на метеорит. Жителите на областа Салихли во провинцијата Маниса слушнале гласна експлозија во близина на езерото Мармара. „Тоа беше како блесок на молња на небото. Тогаш се виде дека во близина на езерото има  силен пожар, кој наскоро беше изгаснат“, раскажуваат жителите за турските медиуми.

 

Scroll to Top