Милијардер бара жена што ќе патува со него на Месечината

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава доби билет за патување на Месечината во 2023 година и бара жена која ќе му прави друштво за време на вселенското патување. 44-годишниот Јапонец е сопствнеик на голем синџир на продавници за облека. Според „Форбс“, неговото богатство се проценува на 2 милијарди долари.

Тој првпат беше избран за пат околу Месечината во 2018 година. Уште тогаш најави дека сака да обезбеди уште неколку билети за познати уметници чија работа ќе биде да го опишат неговото искуство на ова вселенско патување. Јусаку дополни дека еден билет специјално ќе чува и за жената на неговиот живот, која сè уште не ја пронашол.

 

„Досега живеев како што сакав. 21 година работев како претседател на компанијата и им го загорчував животот на многу луѓе, но истовремено добиваав и многу љубов и поддршка. Сега сакам да почнам од ново. Имам 44 години и се чувствувам осамено. Постојано мислам како да се заљубам во некоја жена“, изјавил Јусаку.

Тој споделил и кои се условите за неговата идна жена. Сите кои сакаат да се пријават за пат во вселената со него мора да бидат сингл и на возраст од 20 или повеќе години, да бидат ведри и секогаш позитивни, да покажат интерес за пат во вселената и да уживаат во животот до максимум. Јусаку изјавил дека сака неговата идна жена да покаже желба да има мир во светот. Сите кои сакале да аплицираат тоа можеле да го направат онлајн.

Огласот важи до 17 јануари, а милијардерот ќе ја сподели конечната одлука на крајот од март.

Scroll to Top