Милијардери кои за една секунда заработуваат просечна плата во Македонија

На врвот на листата на најбогатите луѓе на светот, се наоѓаат имиња на луѓе, на кои им е потребна само една секунда да ја заработат просечната плата која што граѓаните во Македонија ја земаат секој месец.

Најновата инфографика која ја објавила ABC финансии, го открива богатството на најголемите милијардери на светот. Од таму велат дека се поголем станува јазот меѓу најбогатите луѓе и просечните работници во светот.

Ако се споредат нивните заработки во однос на оние кои се заработуваат во Македонија ќе се добијат неверојатни разлики во исплатите на крајот на месецот.

Според последните податоци на заводот за Статистка, во Македонија просечната плата изнесува околу 24.000 денари, односно околу 400 евра. За една година еден работник во Македонија заработува 4800 евра.

Според последните светски статистички податоци, најбогат од сите милијардери е шефот на „Амазон“ Џеф Безос. Неговото богатство се проценува на 98 милијарди евра. Тој на секоја секунда заработува по 1.132 евра. Тоа е речиси три пати повеќе отколку што заработува еден работник во Македонија за месец дена.

Веднаш зад Безос е основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс. Неговото богатство се проценува на 78 милијарди евра. Тој заработува помалку од 5-от најбогат човек на светот, Марк Цукенберг, но вкупното богатство му е поголемо.

Гејтс секоја секунда заработува 115 евра. На Гејтс му се потребни четири секунди да заработи нешто повеќе од просечната плата во Македонија.

Секоја минута Гејтс станува побогат за 6900 евра. За оваа сума еден работник во Македонија треба да работи година и пет месеци. Гејтс му се потребни помалку од 60 секунди за да ја земе просечната годишна плата во Македонија.

Марк Цукенберг секоја секунда заработува 432 евра. Во Македонија работниците работат повеќе од еден месец за оваа плата. Цукенберг секоја минута станува потежок за 25.920 евра, сума која на просечен работник во Македонија му е потребно да ја заработи за пет години.

Британскиот милијардер Џејмс Дајсон тежи 4 милијарди евра. Тој секоја секунда заработува 85 евра, а секоја минута по 5113 евра.

Тоа значи дека му се потребни помалку од 60 секунди да ја заработи годишната просечна плата во Македонија.

Познатиот милијардер Ричард Бренсон, исто така тежи околу 4 милијарди евра. Тој заработува повеќе од Дајсон, односно секоја секунда е побогат за 23 евра, а секоја минута за 1368 евра.

И милијардерката Дениз Котез, шефот на компанијата за кладење „Bet365“, може да се пофали со своето богатство, кое се проценува на 3,3 милијарди евра.

Таа секоја секунда заработува 27 евра, а секоја минута 1,719 евра. Тоа значи дека и се потребни 15 секунди за да ја заработи месечната плата во Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top