Група од 83 милионери побарале да се воведат поголеми даноци за најбогатите за да можат да придонесат за надминување на кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот. Тие побарале даноците да се донесат веднаш и тие да останат трајни.
„Додека Ковид-19 го погодува светот, милионерите како нас имаат суштинска улога во неговото лекување“, пишува во писмото што тие го испратиле до јавноста.
Меѓу нив се наоѓа и основачот на американската компанија за производство на сладолед „Бен и Џери“, Џери Грифилд, и британскиот режисер Ричард Кертис.
Во писмото што е објавено во пресрет на состанокот на министрите за финансии на Г-20 и вонредниот европски самит, се повикуваат владите да ги зголемат даноците за луѓето како нив, пренесува „Индикатор“.
„Ние не сме тие кои се грижат за болните на одделенијата за интензивна нега. Не возиме возила на итна помош, кои ги возат болнитево б олница. Не сме од оние кои ги полнат полиците во трговските центри со прехранбени производи или доставуваат храна од врата до врата“, пишува во писмото објавено на сајтот на групата „Милионери за човештвото“. Но, како што додаваат, тие имаат многу пари.
„Парите се апсолутно потребни сега и ќе бидат потребни во наредните години за закрепнување од кризата, чии последици ќе траат со децении и можат да турнат половина милијарда луѓе во сиромаштија“.
Во писмото се истакнува дека проблемите кои се предизвикани од Ковид-19 не можат да се решат само со добротворни цели, без разлика на тоа колку се тие дарежливи. Се укажува на тоа дека шефовите на влади мораат да преземат одговорност за собирање на потребните средства и нивно праведно трошење, за да може адекватно да се финансираат здравствените системи, училиштата и безбедноста на постојаното зголемување на даноците за најбогатите на планета.
Пандемијата на коронавирусот доведе до историска рецесија ширум светот поради што владите трошат милијарди за помош на претпријатијата кои се тешко погодени од економската криза.
Според предвидувањата на OECD, падот на светскиот бруто-домашен производ треба да достигне најмалку 6% оваа година, а 7,6% во случај на епидемиолошки бран, додека закрепнувањето кое се очекува за 2021 година би изнесувало 5.2%, без нов бран на коронавирус и 2,8% доколку истиот се случи.
Милијардерите како Верон Бафет и Бил Гејтс веќе со години бараат зголемување на даноците.