Министерката за здравство на Белгија забрани групен секс поради короната

Белгиската министерка за здравство, Меги Де Блок, забрани групен секс поради коронавирусот. Таа најави дека во земјата се забранети сите групни сексуални активности на три или повеќе лица во затворени простории.

„Овие сексуални активности на три или повеќе луѓе не се од есенцијално значење и се забранети во Белгија како дел од борбата против ширењето на коронавирусот“, изјави Де Блок.

Таа рекла дека била принудена да реагира брзо поради репутацијата на Белгија како земја каде се пие многу пиво и е главно место за групен секс во Европа, пренесе Worldnewsdailyreport.com. Таа не го забрани сексот еден на еден, ниту мастурбацијата.

Инаку, анкета од 2018 година открила дека преку 78% од белгиските двојки се свингери и дека ги менуваат партнерите. Ваквите сексуални активности во Белгија почнале да се практикуваат уште во 19 век, кога со земјата владеел кралот Леополд Втори.

 

Scroll to Top