Мирисот на бебето е најубавиот парфем

Тим на научници, на чело со јапонскиот професор Мамик Озакије, од Универзитетот Кобе, вели дека мирисот на главата на бебето е најубавиот од сите други. Тој вели дека долго време не им било јасно од каде потекнува мирисот на новороденчињата. Дали тоа извира од потта, или од супстанците по породувањето, односно раѓањето.

Научниците не ја отфрлиле ниту опцијата дека мирисот е настанат од течноста која го опкружва бебето додека е во стомакот на мајката. Озакије вели дека неговиот тим работеле на нова студија која се занимава со хемискиот состав и психолошкото влијание на мирисот на главата на бебето. Тие имале за цел да откријат, дали ваквиот сладок мирис може да помогне бебињата да го привлечат вниманието на родителите.

Во експериментот со бебињата, научниците откриле дека мирисот потекнува од амнионска течност. Тие утврдиле дека хемикалиите присутни во мирисите на главата на бебињата се различни. Тоа значи дека на главите на бебињата постои нешто посебно што дава тие да имаат специфичен мирис.

Добиените резултати покажале дека мирисите собрани неколку часа по раѓањето се поинакви од оние кои биле собрани по неколку дена. Тоа значи дека бебето може да ја изрази својата индивидуалност низ мирисот кој го произведува набрзо по раѓањето и оној кој го произведува по неколку дена. За бебето е важно да формира јасна врска со родителите, веднаш по раѓањето, а мирисот на нивните глави помага во тој процес, смета јапонскиот професор.

Истражувањето објавено во еден швајцарски медиум покажало дека мирисот на новороденчињата е толку моќен, што е во состојба на возрасните да им предизвика чувство на задоволство многу слично на она кое го имаат зависниците од психоактивни супстанци.

„Тоа покажува дека било кој мирис кој го произведува бебето, делува како единствен идентификатор кој би можел да се користи во формирање на врската со родителот и да осигура дека бебето е нахрането, облечено и безбедно“, вели Озакије.

 

 

 

Scroll to Top