Софи Градон, поранешна Мис Британија е најдена мртва во нејзиниот стан. Според полицијата, нема видливи знаци дека се работи за насилна смрт, пишува „Дејли мејл“. таа победи на изборот за Мис 2010 година, а потоа работеше како модел. Таа беше дел и од реалното шоу „Остров на љубовта“, каде што беше еден од фаворитите на публиката.
Веста смртта на Софи прв ја објавил нејзиниот дечко, Арон Армстронг.
„Никогаш нема да ја заборавам твојата насмевка. Многу те сакам, ти си мојот свет засекогаш“, напишал Арон на својот фејсбук-профил.
32-годишната Градон пред само неколку месеци откри дека се бори со депресија, па медиумите пишуваат дека можеби станува збор за самоубиство.